Линкови за пристапност

Профил: Мит Ромни


Поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни, продолжува да води пред другите кандидати за претседателска номинација од Републиканската партија во државите каде најпрво ќе се случи гласањето, Ајова и Њу Хемпшир, иако е зад некои од попознатите учесници во трката на национално ниво.

Политичките аналитичари ја фалат енергичната кампања на Ромни, но велат дека менувањето на ставот по контроверзни прашања како и неговата мормонска вера може да бидат сериозни пречки во битката за Белата Куќа.

На површина, Вилард Мит Ромни изгледа како совршен кандидат за претседател на САД. Добро изгледа на телевизија, жив е, и се чини дека ужива во средбите со обичните Американци.


Најголем дел од политичките аналитичари на Ромни гледаат како на искусен политичар и харизматичен говорник. 60-годипниот кандидат за Републиканска претседателска номинација роден е во политичко семејство, дипломирал на Харвард и е поранешен капиталист тежок близу 350 милиони долари.

Во 2003, Ромни даде заклетва на гуврнерска функција како Републиканец во нагласено демократската држава Масачусетс. Неговата кандидатура доби поттик откако успешно ги спроведе Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити во 2002, кои пред тоа беа обележани со скандали на поткуп.

Свртувањето на текот на Олимпијадата го направи популарна национална фигура и помогна да ја постави основата на неговата кампања за претседател.


Лари Сабато, директор на Центарот за политика на Универзитетот на Вирџинија вели дека Ромни е силен кандидат:


"Тој е најенергичниот кандидат. Тој има најзбиен распоред. Се чини дека најмногу работи. Сака да постигне најмногу. Тоа е важно во политиката на номинација."

Ромни е роден во 1947 во Детроит. Син е на Џорџ Ромни, поранешен гувернер на Мичиген и неуспешен кандидат за претседател.

Ромни бил одгледан според Мормонската Црква.

Мормонската религија за многу Американци останува мистерија. Тоа е вера што ги опфаќа американските идеали на оптимизам, тешка работа и штедливост.


Но исто така бара и страст за евангелизмот и тајни церемонии во храмовите, како крштевање за мртвите, ритуал во кој жив човек е крстен во името на мртво лице кое не било Мормон. Ритуалот не се практикува во модерното Христијанство.


Анкетите покажуваат дека 35 проценти од Американците велат дека е помалку веројатно дека ќе гласаат за мормонски кандидат за претседател, а политичарот Лари Сабато вели дека тоа е голем проблем за Ромни.


"Либералите опонираат на Мормоните заради тоа што тие се многу конзервативни во нивната филозофија. Конзервативците опонираат на Мормоните заради тоа што фундаменталистичките религии ги сметаат за култ. Ова може да нанесе сериозна штета на кандидатурата на Ромни."

Ромни не верува дека тоа е вистина:


"Не мислам дека луѓето навлегуваат во доктрини и, ако сакате, во периферијата на верата. Мојата вера ме направи подобар човек."

Кога Ромни беше гувернер на Масачусетс тој се постави како умерен, поддржувајќи право на абортус, привлекувајќи гласови на хомосексуалци и поддржувајќи групи за заштита на животната средина.


Но, кога се подготвуваше за кандидатура за претседател, Ромни значително се помести на десно. Своите ставови драматично ги промени, стана противник на абортусот и критичар на брак на хомосексуалци. Ги прифати конзервативните становишта по социјални прашања. Критичарите за неговата ревидирана политика го употребуваат терминот „флип-флоп“.

Ромни на тоа одговара:

"Не се во што сум верувал пред 12 или 13 години останало исто денеска. "

Во надворешната политика, Ромни го поддржува сегашниот наплив на трупите во Ирак и силно ги критикуваше лидерите на Иран.

Фокус на неговата кампања сега се Ајова и Њу Хемпшир со надеж дека тамошна победа ќе го исфрли пред другите репиубликански кандидати за претседател.

XS
SM
MD
LG