Линкови за пристапност

Мерион Џонс:  Ја изиграв вашата доверба


Трикратната олимписка шампионка Мерион Џонс во петокот призна дека употребувала стероиди, што уште еднаш го отвори прашањето за сериозноста на проблемот што има повеќе од само морални импликации.

Според американските медиуми, Џонс од 1999-та во рок од две години употребувала забранета супстанција. Таа тврди дека тогаш мислела оти супстанцијата била масло од лен, што се користи како додаток во исхраната.

Комисијата за реформи во Претставничкиот дом во 2005-та спроведе серија распити за употребата на стероиди во професионалните спортови. Големо внимание привлече безболот. Комесарот на Главната лига, Бад Селиг, беше дециден:

- Ќе го суспендирам секој играч кој користел стероиди, без исклучок. Синдикатот на играчи знае за тоа и е согласен.

За стероидите е познато дека претставуваат опасност. Американскиот колеџ за спортска медицина објави листа на ризици од нивната употреба, на која се најдоа синдромот на ненадејна смрт, тумори, атрофија на тестисите и емоционални нарушувања.

Стероидите не се проблем само кај професионалните спортисти. Родителот Дон Хутен од Флорида тоа најдобро го знае. Неговиот син Дон во август годинава извршил самоубиство. Тој играл безбол во својот средношколски тим и започнал да зема стероиди за да го подобри својот учинок, но наместо тоа, настанале емоционални нарушувања - и на крајот кренал рака врз себе.

XS
SM
MD
LG