Линкови за пристапност

САД: Растат критиките за ирачката влада


Заклучоците во редовниот периодичен извештај на американското разузнавање доаѓаат во време на засилени критики меѓу американските политичари за ирачката влада.

Извештајот наведува „мерливи но нееднакви подобрувања“ во ирачката безбедносна ситуација од пртетходната проценка, извршена во јануари. Коалиционите сили во соработка со ирачките војници, племенските елементи и некои сунитски бунтовници направиле напредок во ограничување на Ал-Каида, но севкупното ниво на насилство и натаму е на високо ниво, велат американските разузнавачки агенции.

Во Вашингтон, сопартиецот на претседателот Буш и член на Сенатската комисија за вооружени служби Џон Ворнер коментираше дека е време американската влада, цитираме, „да покаже малку заби“ дека нема да остане бесконечно во Ирак:

-Му реков со сета почит на претседателот – одберете кој и да е` број, на пример 5.000 војници што би можеле да се повелечат и да се вратат дома не подоцна од Божиќ, декември годинава.

Сенаторот смета дека тоа би ја натерало ирачката влада да работи на политичко помирување во земјата. Во објавеното резиме на разузнавачкиот извештај се вели дека владата на Малики не успела да ги надмине секташките поделби во земјата. Сенаторот Ворнер предлага претседателот Буш да го објави повлекувањето по 15-ти септември, кога првите американски лица во Ирак на конгресен брифинг ќе дадат отчет дали американската стратегија во земјата дава резултати. Извесен број конгресмени бараат ирачката влада да оствари конкретни цели како предуслов за натамошно финансирање на армиските операции.

XS
SM
MD
LG