Линкови за пристапност

Продолжува потрагата по настраданите во Перу


Според властите, стотици лица се` уште се затрупани во урнатините во градовите од централниот дел на крајбрежјето, од земјотресот во средата со јачина од осум степени по Рихтеровата скала. Спасувачките напори се отженати поради уништените патишта.

Во земјотресот беа повредени најмалку 1.300 лица. Тој траеше околу две минути и предизвика огромни штети и прекин на електрична енергија ширум земјата. Многу згради се срушени или пак доста оштетени, меѓу нив и болници, што се преполни со погодени лица на кои итно им е потребна помош.

Претседателот Алан Гарсија вчера објави вонредна состојба. Американскиот претседател Џорџ Буш упати сочувство до Перуанците и кажа дека САД се подготвени да пружат помош. Боливија, Колумбија, венецуела и Меѓуанродниот црвен крст исто така започнаа акции за помош.

XS
SM
MD
LG