Линкови за пристапност

Колку е безбедна пластичната амбалажа?


Најнова студија покрена загриженост дека хемикалијата Бисфенол А или БПА, што наголемо се користи за зајакнување на пластичната амбалажа, претставува ризик по здравјето, особено кај децата.

Jа има во бебешките пластични шишиња за млеко, во пластичната амбалажа во рестораните за брза храна, во машините за дијализа, а ја употребуваат и стоматолозите за спречување на кариес.

Неодамна објавена студија во журналот Репродуктивна токсикологија се бави со негативните ефекти на БПА врз плодот на лабороториски глувци, дури и на помали нивоа од стандардот пропишан од американската влада. Фредерик вом Саал, професор по биолошки науки во Универзитетот во Мисури вели дека е загрижен што мајките пренесуваат на бебињата преку она што го апсорбираат од пластичните контејнери:

-Кога на хемикалијата се изложени фетусите и новороденчињата – тие подоцна во животот може да развијат рак на простата, рак на дојка.

Кимберли Лисак како мајка сака да знае повеќе за ризикот од пластичните контејнери:

-Загрижена сум поради пакувањата на бебешка храна. Има многу хемикалии и работи што не ги знам.

Бисфенолот А се користи во поликарбонатска пластика со децении. Во соопштението од Советот на американски хемичари се вели дека студијата журналот Репродуктивна токсикологија се коси со останатите меѓународни испитувања според кои БПА не претставува ризик по здравјето.

XS
SM
MD
LG