Линкови за пристапност

Американците сакаат набљудувачки камери


Електронските очи во американските градови се множат со стапка од 15 неделно. Некои и слушаат покрај тоа што гледаат.


Џон Левин од полицијата на Чикаго вели:

-Гледаме намалување на криминалот во области каде има камери. Може да не е изводливо да се постави полицаец на секој агол, но еден ден ќе може да има камера на секој агол."

Лондонските четири милиони камери и сензори помогнаа да се идентификуваат осомничените во неуспешниот бомбашки напади од јуни, како и оние зад смртоносните терористички напади пред две лета.

Поголемите американски градови исто така го фаќаат чекорот. Њујорк додава три илјади камери. Во Вашингтон, Сан Франциско и насекаде, владите и бизнисите инсталираат дополнителни камери. Неодамнешно истражување покажа тројца од четворица Американци се за камери. Џери Хоер, безбедносен стручњак, не е:


-Ако некој сака да го даде животот при изведување терористички напад, безбедносните камери немаат влијание“, вели тој.

Други, како Мелиса Нго, се загрижени за граѓанските слободи и губењето на приватноста.


-Ќе станеме општество во кое се набљудува секој ваш чекор."

Ноќни камери беа употребени од полицијата за мониторинг на протестантите на последната републиканска конвенција во Њујорк. Полицијата и безбедносните претставници велат дека камерите, дури и да не спречуваат криминал, делуваат како средство за одвраќање.

XS
SM
MD
LG