Линкови за пристапност

Светската банка е под притисок за промени


Светската банка често е цел на демонстрантите против глобализацијата кои ја обвинуваат дека е агент на капитализмот и средство на големите корпорации.

Основана кон крајот на Втората светска војна, Банката годишно дава до 20 милијарди долари на земјите во развој. Но, критичарите велат дека институцијата го има изгубено фокусот – преголема е, со над 10 илјади вработени и се обидува премногу да направи.

Денис Дитреј пред пензионирањето раководел со операциите на Банката за Централна Азија, тој вели:

-Многу работи може да се поправат ако Банката се ослободи од 40 проценти од персоналот.

Вилијам Истерли, поранешен вработен во Банката, сега е нејзин жесток критичар:

-Дел од парите одат во корумпирани земји. Всушност, Банката станува се` полоша во борбата против корупцијата и покрај целата реторика.

Адам Лерик од конзервативниот институт Американ Ентерпрајз во Вашингтон смета дека приватниот сектор прави многу повеќе во борбата против сиромаштијата отколку Светската банка.

-Во изминативе 30 години, светот драматично се промени, а Светската Банка го губи чекорот.

Тој смета дека Банката е сосема маргинализирана во светската економија.

Јуџин Ротберг, поранешен потпретседател на Банката мисли поинаку:

-Тоа едноставно не е точно. Се` уште постои глад, сиромаштија, недостиг од работни места, ниско ниво на образование, нееднаквост на жените.

Роберт Зелик, кој е многу почитуван поранешен владин функционер на САД, само што го започна својот петгодишен мандат како претседател на Банката, по заминувањето на Пол Волфовиц. Пред него е голем предизвик да ја рефокусира нејзината мисија, истовремено привлекувајќи нови придонеси од богатите земји-членки.

XS
SM
MD
LG