Линкови за пристапност

Претседателот Буш го потпиша нуклеарниот договор со Индија


Мерката одобрува испраќање на американско нуклеарно гориво и технологија во Индија за мирнодопска употреба. Последниве 30 години Вашингтон забрануваше таков извоз за да го спречи ширењето на нуклеарно оружје.

“Односите меѓу САД и Индија никогаш не биле повитални и овој договор ќе ни помогне да ги реализираме енергетските и безбедносните предизвици на 21-от век“, изјави вчера американскиот претседател, кој со потписот на легислативата стави крај на 30-годишната забрана за американско-индиска цивилна нуклеарна соработка.

Мерката го стави во сила договорот за соработка што тој го потпиша со индискиот премиер Манмоан Синг порано годинава. Со неа Индија се иззема од одредбите на американскиот закон со кои е забранета нуклеарна трговија за мирнодопски цели со земји кои одбиваат да го потпишат Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Вашингтон забрани таква трговија со цел да спречи ширење на нуклеарното оружје.

Буш на потпишувањето подвлече дека Индија ја изведува нукеларната програма на безбеден и одговорен начин. За возврат на американската технологија, Индија се согласи нејзината програма да стане достапна на увид на меѓународните инспектори. Индиската програма за нуклеарно оружје, пак, за разлика од мирнодопската, сепак ќе остане надвор од дофатот на инспекторите. Пред потпишувањето, главниот американски преговарач во спогодбата, државниот потсекретар за политички прашања Николас Б`рнс кажа дека владата смета оти е прифатливо да се стави настрана индискиот нуклеарен арсенал со цел да се потпише договор за употреба на нуклеарната енергија за мирнодопски цели. Индија, рече Б`рнс, е совесен стопан на својот нуклеарен арсенал. САД ќе продолжат да вршат притисок врз Индија да се откаже од оружјето, додаде државиот потсекретар, но кажа и дека било време да се потпише договор со земја која не го мамела меѓународниот систем.

Отануваат неколку пречки пред да започне трансферот на американска нуклеарна технологија во Индија - зелено светло треба да даде Групата на нуклеарни снабдувачи, составена од 45-земји членки, како и Меѓународната агенција за атомска енергија.

Потсекретарот Б`рнс е оптимист дека тоа ќе се случи за околу шест месеци, бидејќи, како што рече, многу други земји чекале на САД да го направат првиот чекор.

XS
SM
MD
LG