Линкови за пристапност

Вето за ембрионско истражување со федерални  пари


Претседателот Буш стави потпис на првото вето за време на неговото претседателствување, со што го блокираше предлог-законот со кој требаше да се прошири федералното финансирање за ембрионско истражување на клетки за поттикнување развој.

Американскиот Сенат усвои закон во вторникот со кој требаше да се прошири владиното финансирање на истражување ембриони кои се формираат во време на третман за бременост, кои секако би биле отстранети. Претставничкиот дом го усвои законот минатата година.

Поддржувачите на ваквото истражување, вклучувајќи научници и угледни Републиканци, велат дека ембрионско истражување на клетки за поттикнување развој има потенцијал за наоѓање лек за болестите како Паркинсоновата, дијабетисот и повредите во ’рбетот.

Но, претседателот Буш и религиозните конзервативци жестоко се противат на владино финансирање со аргумент дека истражувањата на ембрионските клетки уништуваат човечки животи. Буш рече дека нема да поддржи одземање невин живот со цел да им се помогне на други животи.

Ниту Сенатот ниту Претставничкиот дом не се очекува да го имаат двотретинското мнозинство, потребно за поништување на ветото на претседателот.

Испитувања на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Американци ја поддржуваат иницијативата.

Меѓу оние кои поддржувале ембрионско истражување на клетки за поттикнување развој беше и Ненси Реган, вдовицата на поранешниот претседател Роналд Реган. Тој почина по долгата битка со Алцхајмеровата болест.

Претседателот Буш зборуваше пред аудиториум во кој имаше родители со деца, усвоени уште како ембриони.

XS
SM
MD
LG