Линкови за пристапност

Буш:  Смртта на Заркави важна победа во војната против тероризмот


Претседателот Буш во редовното саботно радиско обраќање кажа дека убиството на Заркави претставува важна победа во војната против тероризмот, но предупреди дека насилството во Ирак би можело да нарасне во наредните неколку недели.

Реагирајќи во име на Демократската партија на обраќањето, лидерот на сенатското малцинство Хери Рид оцени дека е време претседателот Буш да понуди план како Ирак да ја контролира сопствената безбедност, за да можат американските сили да се вратат дома. Рид коментираше дека на Американците им е потребно нешто повеќе од банална реторика од средбата меѓу претседателот и неговиот тим советници за национала безбедност што ќе се оддржи наредната недела.

Претседателот Буш најави дека во вторник тимот ќе одржи теле-конференција со ирачкиот премиер Нури ал-Малики, но не кажа дали ќе стане збор за намалување на бројот на американски војници во Ирак.

XS
SM
MD
LG