Линкови за пристапност

Чарлс Инграо:  демаркацијата да биде опфатена со финалниот договор за Косово


Треба да се најде решение за проблемот со одбележувањето на северната граница, што ќе биде прифатливо и за Македонија, и за владата која ќе ја контролира другата страна од границата. Засега е нејасно дали тоа ќе биде Белград или Приштина, вели во интервју за Гласот на Америка на македонски професорот по историја и стручњак за Балканот Чарлс Инграо од Универзитатот Пeрдју во Индијана.

Професорот Инграо очекува конечната демаркација на границата да биде опфатена со финалниот договор:

„Откако ќе се реши конечниот статус на Косово, сметам дека меѓународната заедница ќе биде во можност да го имплементира тоа решение, и - независно која влада управува со Косово - таа ќе знае зад кое решение стои меѓународната заедница, бидејќи заедницата има средства, може да мотивира со финансиска и политичка поддршка, и може да даде атрактивни понуди на сите страни“.

Зошто властите на Косово велат дека чекааат подобри времиња за затварање на ова прашање?

„Има смила што Приштина најпрво сака да види дали ќе постигне да се најде на некаков пат до независност. Ако успее во тоа, тогаш ќе смета дека е во посилна позиција да преговара со Македонија. Истовремено, кога јас би бил македонски премиер, би работел со меѓународната заедница, како дел од конечните разговори за Косово, да се постигне решение за границата, ако покраината стекне суверенитет“. Доколку Косово не добие суверенитет, тогаш го имате стариот договор за границата меѓу Скопје и Белград, вели Инграо.

Ако според најавите, македонскиот и косовскиот премиер кон крајот на април во Скопје потпишат документ за признавање на постојната граница, кому од меѓународните авторитети би можел да му биде испратен?

„Се́ додека Белград има суверенитет врз тој дел од границата, се сомневам дека постои адреса каде би можел да се испрати таков документ и да има законска потврда. Ако Косово стане независно, повторувам - ако, тогаш може да биде ратификуван и обострано прифатлив од двете страни“, заклучува професорот Инграо во разговорот за Гласот на Америка на македонски.

XS
SM
MD
LG