Линкови за пристапност

Брус Џексон за аспирациите на Македонија за влез во НАТО, демаркацијата на границата со Косово


Земјите од Јадранската група, во кои спаѓа и Македонија, предничат на патот кон НАТО. На Самитот во Рига се очекува да се употреби таканаречената мадридската формулација - ветувања за идно членство, како што им беа дадени на Романија и Словенија. Ова се ставовите на Брус Џексон од Проектот - Демократии во Транзиција.

Може ли да се очекува конкретен сигнал, датум од претстојниот самит во Рига. Брус Џексон, лобист за зачленување на Македонија во НАТО и близок до администрацијата на претседателот Буш, за Гласот на Америка на македонски вели:

„Ќе кажат на наредниот самит, за кој веќе одлучија да биде во 2008-ма. Претседателот Буш најави дека сака да присуствува на самитот и да ги поддржи поканите за балканските земји. Не сум сигурен дека ова најдобредојдена порака за Македонија, но важно е дека земјата се движи во добар правец на патот кон НАТО“.

Прашан за демаркација на северната граница меѓу Косово и Македонија со оглед на почетокот на преговорите за конечниот статус на покраината, Џексон со оценка:

„Демаркацијата може да се реши – уште утре. Не треба да има импликации дека одбележувањето на границата треба да се држи се́ до крајот на преговорите за конечниот статус на Косово. Демаркацијата на северната граница веќе е меѓународен факт. НАТО и ЕУ знаат каде е границата. Треба само да ја признаат Србија и Црна Гора и Косово, во основа да го признаат она што веќе е меѓународно признато“.

Тој не верува дека пролонгирањето на одбележувањето на северната граница во делот на Косово ќе претставува пречка за евроатланската интеграција на Македонија. Џексон смета дека главниот медијатор на ОН во преговарачкиот процес, Марти Ахтисари, како и специјалниот американски претставник Френк Виснер се официјалните лица со кои македонската страна треба да го затвори прашањето со северната граница до крајот на годината, затоа што обајцата дипломати се инволвирани во преговорите за конечниот статус. Тој со сугестија до нив – да се затвори прашањето со границата уште на почетокот на преговорите, затоа што тешките и мачни прашања за Косово, како процесот на негоа децентрализација и конечниот статус – допрва доаѓаат.

XS
SM
MD
LG