Линкови за пристапност

Стандарди за Косово: кои се предизвиците?


Дали косовската влада успешно ги имплементира стандардите? Има ли забавување на процесот на децентрализација и со кој предизвик се соочуваат косовските власти?

На овие прашања во Aмериканскиот институт за мир во Вашингтон, дискутираа косовскиот министер за локална самоуправа Љутви Хазири и координаторот за спроведување на стандардите Авни Арифи со бројни претставниците на медиумите. Во регионот, од соседите во моментов имаме најдобри односи со македонската влада и премиерот Бучковски, со кого одлично соработуваме, рече косовскиот министер за локална самоуправа Хазири, кој на прашањето на Гласот на Америка на македонски, не даде рок за одбележување на северната граница, во делот на Косово:

Проблемот со границата сега е во техничка фаза. Веруваме дека тоа ќе може подобро да се реши во периодот по решавањето на конечниот статус на Косово, затоа што тоа е подобар тајминг. Тој не ги образложи причините за ваквото мислење. Според него, главен приоритет на официјална Приштина е враќање на довербата меѓу етничките групи и воспоставување на стандардите, пред започнување на разговорите за конечниот статус.

Гостите од Приштина потсетија дека владата одделила 8,8 милијарди евра како поддршка за враќање на бегалците во 2005-та. Тие тврдат дека 30.000 Срби веќе ги реконструирале куќите. Според нив, има прогрес во слободата на движењето и децентрализацијата. Косовскиот министер потенцираше дека покраината има извонредна соработка со Хашкиот трибунал и безрезервно ги исполнува барања, а како факт го предочи предавањето на поранешниот премиер Харадинај, само 24 часа откако беше повикан од Хаг.

Сепак, Даниел Сервер од американскиот Институтот за мир во Вашингтон ги испрати гостите од Приштина со силна порака: Сакаме да видиме вистинско враќање на лицата во домовите, да се чувствуваат безбедно, и да живеат мирно во општество каде доминира толерантноста.

XS
SM
MD
LG