Линкови за пристапност

Одложено донесувањето на законот за употреба на јазиците


Ова се двете прашања што го одложија донесувањето на законот за употреба на јазиците, еден од клучните што произлегуваат од Рамковниот договор, и кој, според препораките од Брисел, треба да се донесе пред одморите, односно пред оценката од ЕК, на македонските одговори на европрашалникот.

Законот ќе се одложи, велат во Министерството за правда. „Со овој закон треба долгорoчно да се реши важно прашање, кое ќе придонесе за стабилноста на државата. Затоа многу побитно е да се направи квалитетен текст, отколку да се внимава дали ќе се пробие рокот за 10 или 15 дена“, велат оттаму. Тие најавуваат дека предлогот во Собранието ќе се најде до 1 јули, додека од Владата не ја исклучуваат можноста тоа да се случи по одморите, во септември или октомври.

Главото прашање на кое треба да се одговори со овој закон е кој јазик, освен македонскиот ќе има статус на државен, односно службен јазик во Македонија. Тоа ќе зависи од политичкиот договор за што деновите преговараат владините коалициони партнери. Најспорно е толкувањето на амандамнот 5 за тоа дали јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението е втор државен службен јазик, и според тоа ќе се употребува во комуникација со државните органи и оние на локалната самоуправа на целата територија на Македонија. Или ќе се користи само во општините во кои постои толкава процентуална застапеност на заедниците.

„Донесувањето на овој закон е обврска што произлегува од Рамковниот договор, а тоа подразбира и политички компромис“, велат во Министерството за правда, кое е изготвувач на законот, со помош од надворешни експерти. Тие сметаат дека приоритет е да се усогласат сите ставови и да се подготви јасен текст за да нема проблеми при примената.

Проблемот со употребата на јазиците го блокираше и донесувањето на законот за парнична постапка, зашто во времето кога министер за правда бил Иџет Мехмети била протната и законска одредба, судските достави да биде двојазични и во општините каде што етничките заедници се под 20 проценти. Ова, на собраниската расправа, предизвика раекација кај пратениците на ДУИ, кои побараа употребата на албанскиот јазик да биде и пошироко од она што е предвидено со Охридскиот договор, кој дозволува употреба на малцинските јазици единствено во средините каде заедниците се над 20 проценти.

Опозицијата смета дека доколку се прифати предлогот за поширока употреба на албанскиот јазик, се излегува од Рамковниот договор.

Не можеме преку ноќ да дозволуваме употреба на јазици спротивни и на Уставот и на Рамковниот договор. Доколку Владата не седне и не се договори и не го врати старото решение онака како што беше пред да се усвои амандманот, нели и смата Влада го одби тој амандман, ние нема да го поддржиме овој закон.

Имаат право да ги поднесуваат тие поднесоци на нивниот мајчин јазик и тоа е спротивно на декларираното начело за експедитивност, велат Жарко Караџоски од ВМРО- Народна и Силвана Бонева од ВМРО -ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG