Линкови за пристапност

Изборен молк во Македонија - Да или Не?


На Македонија и е потребен изборен молк, за да можат граѓаните да се одморат од изборните кампањи и да им се остави простор да го изградат својот став. Единствен проблем е конфузните санкции во случај на неговото прекршување. Влијанието на медиумите во време на избори и нивната улога во изборниот молк се централниот елемент на кој треба да се фокусира законот, согласни се експертите. „Лично мислам дека можеби е направен еден пропуст во законот, бидејќи законот наведува дека самата политичка партија или индивидулец ќе биде казнет во случај да го прекршува молкот. Овде се изземени медиумите“, смета политикологот Наташа Габер. Таа и претставниците на Советот за радиодифузија се согласуваат дека сегашната одредба според која Советот поднесува прекршочна пријава по која Управата за телекомуникаци во период од 48 часа може да ја затврои станицата што го прекршила молкот, е премногу рестриктивна мерка.

Нејзиниот предлог е паричните казни што се однесуваат на политичките партии да важат и за медиумите.

„Морам да констатирам дека дојдовме во непријатна ситуација, и ние како Совет и вие како медиуми затоа што регулативата не обврзува тоа да го третираме како прекршок, меѓутоа ни останаа дилемите дали тоа така треба да биде и во иднина“, вели Илир Ајдини, заменик претседател на Советот за радиодифузија.

И додека аналитичарот Биљали смета дека почитувањето на молкот повеќе е прашање на политичка култура, а помалку норма, Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиумите вели дека изборниот молк треба да се укине, бидејќи тоа во однос на медиумите значи цензура.

„Минимумот е бришење на одредбата со која што се дава во однос на некого, на било кого да замолкне медиум. Тоа е надвор од сите европски стандарди. Тоа е цензорска одредба, веројатно проблематична и од уставен апсект“, смета Беличанец.

Дводневниот изборен молк, што се применува во Македонија е пракса во Европа. Во Словачка тој е четири, а во Норвешка три дена.

XS
SM
MD
LG