Линкови за пристапност

Пригожин бил во авионот што се урна северно од Москва, рече Русија


Руската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин бил во авионот што се урна северно од Москва денес. Сите 10 луѓе загинале.

Пригожин водеше кратка вооужена побуна против руската војска претходно оваа година.

Несреќата веднаш предизвика сомневања бидејќи судбината на Пригижин е предмет на интензивни шпекулации уште откако тој ја покрена побуната.

Во тоа време, претседателот Владимир Путин го осуди бунтот како „предавство“ и „нож во грб“ и вети дека ќе се одмазди.

Но, обвиненијата против Пригожин набрзо беа отфрлени и на началникот на „Вагнер“ му беше дозволено да се повлече во Белорусија, додека, наводно, одвреме-навреме се појавуваше во Русија.

XS
SM
MD
LG