Линкови за пристапност

Интерпол одбележи 100 години, но се погласни критиките за злоупотреби на прописите од Кина и Русија


Заменик-јавниот обвинител Лиза Монако, говорејќи во понеделникот на настан на Одделот за правда по повод стогодишнината на Интерпол, ја пофали улогата на организацијата во борбата против глобалните закани, од тероризам до кибернетски-криминал и трговија со луѓе.
Заменик-јавниот обвинител Лиза Монако, говорејќи во понеделникот на настан на Одделот за правда по повод стогодишнината на Интерпол, ја пофали улогата на организацијата во борбата против глобалните закани, од тероризам до кибернетски-криминал и трговија со луѓе.

Интерпол, меѓународната полициска организација основана во 1923 година за да ја олесни соработката меѓу агенциите за спроведување на законот, во последниве години се трансформираше во застрашувачка сила за борба против криминалот.

Сепак, неодамнешните контроверзии околу злоупотребата на неговиот систем за предупредување, фрлија сенка врз неговата репутација како неопходна алатка за глобална соработка за спроведување на законот.

Заменик-јавниот обвинител Лиза Монако, говорејќи во понеделникот на настан на Одделот за правда по повод стогодишнината на Интерпол, ја пофали улогата на организацијата во борбата против глобалните закани, од тероризам до кибернетски-криминал и трговија со луѓе.

„Во текот на изминатите 100 години, Интерпол еволуираше за да одговори на секоја од тие закани и со тоа го направи светот побезбедно место“, им рече Монако на присутните.

Церемонијата во Одделот за правда имаше презентации и изведби со бенд и тапани, со почесна стража на локалната полиција. Присуствуваа највисоките функционери на Интерпол, како и високи претставници од Одделенијата за правда и домашна безбедност, двете агенции кои ко-менаџираат со Националното централно биро на САД на Интерпол.

Како дел од својата мисија, Интерпол објавува таканаречени црвени известувања, кои се барања до полициските сили ширум светот за лоцирање и апсење на осомничениот во очекување на екстрадиција.

Само 195-те земји-членки на Интерпол можат да побараат црвена потерница доколку тоа е во согласност со правилата на Интерпол.

Интерпол вели дека работната група составена од адвокати и полицајци, формирана во 2017 година, спроведува темелна проверка на сите добиени барања за црвена потерница.

Покрај тоа, Интерпол има независно тело, познато како Комисија за контрола на досиејата на Интерпол, кое ги отстранува спорните црвени известувања и други предупредувања од неговиот систем. Комисијата е дополнително надзорно тело, чии членови се претежно правници.

Сепак, и покрај напорите на агенцијата да обезбеди усогласеност, земјите како Русија и Кина во последниве години беа обвинети за злоупотреба на системот за предупредување на Интерпол за политички цели.

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, го бранеше „робусниот“ систем за преглед на неговата агенција за време на церемонијата на Одделот за правда.

„Кога ќе се повтори неусогласеност, превентивните и корективните мерки се применуваат на тие земји-членки за да се заштити интегритетот на нашите канали“, рече Сток.

Во 2021 година, Интерпол објави скоро 24.000 црвени известувања и предупредувања за барани лица и одби речиси 1300 поради неусогласеност.

((https://www.interpol.int/en/How-we-work/Notices/View-Red-Notices))

Монако ја пофали зголемената контрола на Интерпол за барањата за предупредување со цел „да се осигура дека Интерпол нема да биде злоупотребен за унапредување на транснационалната репресија“ од автократските режими.

Но, критичарите велат дека авторитарните режими продолжуваат да го злоупотребуваат системот.

Во 2021 година, ујгурскиот активист Идрис Хасан беше уапсен во Мароко врз основа на црвено известување издадено од Интерпол на барање на Кина.

Иако Интерпол го класифицираше црвеното известување како „неусогласено“ по апсењето и ослободувањето на Хасан, случајот ги истакнува „вродените опасности од меѓународната полициска организација која соработува со земји кои не владеат на правото, склони да ги злоупотребуваат таквите инструменти за прогон што се спротивни на уставот на Интерпол. “, пишува во извештајот на непрофитната организација за заштита на човековите права Safeguard Defenders.

Други критичари упатија слични критики кон Кина. „Во последниве години, Кина сè повеќе го користи системот за црвени известувања на Интерпол за да го задуши несогласувањето“, напиша Хјуман рајтс воч во извештајот од 2022 година.

https://www.hrw.org/news/2022/07/19/morocco-uyghur-activist-risk-extradition

Критичарите велат дека Русија е уште еден хроничен злоупотребувач на работата на Интерпол.

Во 2018 година, Бил Браудер, американски активист за човекови права и критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен во Шпанија на црвено известување од Интерпол побарано од Русија. Известувањето подоцна беше поништено, а Баудер беше ослободен.

Тед Бромунд, висок научен соработник во Фондацијата Херитиџ, рече дека Интерпол работи врз основа на претпоставката дека нејзините земји-членки дејствуваат со добра волја.

„Како резултат на тоа, продолжува да има многу злоупотреба на Интерпол преку известувањата“, рече Бромунд во интервјуто.

Тој рече дека податоците на Интерпол сугерираат дека нејзината работна група за преглед не успева да спречи сомнителни црвени известувања поднесени од земји како Кина и Русија.

И Кина и Русија негираа дека го злоупотребувале Интерпол.

И покрај критиките, Интерпол ја задржува суштинската улога во глобалната соработка за спроведување на законот.

Нејзината улога во борбата против криминалот порасна во последниве години, бидејќи криминалците се повеќе оперираат преку границите и онлајн.

XS
SM
MD
LG