Линкови за пристапност

Европското знаменце на законите поврзани со „Бехтел и Енка“ не е спорно за премиерот


Од Владата и денес нема одговор што им порачале од Делгацијата на ЕУ за употребата на европското знаменце за петте закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10д. Во комисијата за европски прашања каде што се петте закони дебатата на пратениците ја исполнија меѓусебни обвинувања. Евроамбасадорот Гир останува на ставот дека европското знаменце непотребно често се користи за усвојување на закони




СКОПЈЕ – Премиерот Ковачевски денеска не даде прецизен одговор дали од Делегацијата на ЕУ им било советувано да не ставаат европско знаменце на петте закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10д и договорот со „Бехтел и Енка“, со која европска регулатива се усогласуваат петте закони и дали овој потез на Владата ја загрозува европската агенда на Северна Македонија.

„И амбасадорот Гир имаше своја изјава во која го истакна ставот на европската делегација. Јас би кажал дека се работи за закони кои обезбедуваат изградба на Коридори кои досега не сме ги имале и кои ќе бидат дел од паневропските коридори. Коридорот 8 не бил дел од паневропските коридори и со обезбедување на законско усогласување кои овозможуваат побрза, поефикасна, поефективна и поефтина градба на овој проект, вклучително и на други инфраструктурни проекти од делот на патната, енергетската и железничката инфраструктура ќе се обзебди унапредување на нашата држава што е во согласност со една од целите за пристапување кон ЕУ. Со оглед дека тие закони беа блокирани во Собранието како и низа други закони беше одлучено тие закони да одат на Комисијата за европски прашања која обезбедува побрзо нивно усвојување и побрзо работење на терен“, беше одговорот на премиерот Ковачевски.

Евроамбасадорот Гир го повтори ставот дека во државата многу често се користи европското знаменце и декас е нопходна консултација меѓу власта и опоаизицјата пред евентуалната употреба.

„Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство“, изјави Гир.

А во Собранието почна дводневната дебата за петте закони со европско знаменце неопходни за „Бехтел и Енка“. Пратеничката дискусија која изобилуваше со обвинувања и караници се однесуваше на Законто за работни односи и воведувањето на прекувремена работа повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи стратешко национално значење,по претходна писмена согласност на работникот.

Дебатата во Комисијата за законите со европско знаменце може да трае само два дена, оттаму и опозицијата за овој закон поднесе само три амандмани. Во законот не е прецизирано колку точно ќе трае работната недела.

По зaвршувањето на дебатата во Комисијата законите се враќаат кај пратениците кои доколку ги изгласаат петте закони, потоа се испраќаат на потпис кај претседателот Пендаровски, кој пак најави дека нема да го потпише указот за Законот за работни односи бидејќи Уставниот суд ја оцени како дискриминаторска.

Од ССМ најавија дека во првиот момент кога овој закон ќе стапи на сила повторно ќе побараУставниот суд да пресече дали е дискриминаторски и противуставно или не.

XS
SM
MD
LG