Линкови за пристапност

Помалите партии бараат суштински, а не козметички измени на изборниот законик


Помалите парламентарни партии уште во март 2021 поднесоа измени на изборниот законик кои предвидуваа една изборна единица. И по две години измените се уште не дошле на дневен ред на пленарна собраниска седница.
Помалите парламентарни партии уште во март 2021 поднесоа измени на изборниот законик кои предвидуваа една изборна единица. И по две години измените се уште не дошле на дневен ред на пленарна собраниска седница.

„Суштински, а не само козметички измени на изборниот законик“ – бараат помалите политички партии. Нивниот повик следи по минатонеделното формирање на работната група за промени на изборната легислатива, тело создадено, пред се, за решавање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР од последните изборни циклуси. Но, малите партии се сомневаат дека оваа работна група воопшто и ќе се нафати на решавање на прашањата кои тие ги отворија.

„Работната група е формирана за да не се заврши работа – ако формирате комисија работата никогаш нема да ја завршите. Ние сме дел од оваа група за да влијаеме, забелешките на ОБСЕ/ОДИХР не се спорни и тие ќе се имплементираат, за тоа не треба работна група. Клучно е дека има потреба од крупни изборни реформи“, рече Павле Трајанов од Демократски сојуз.

Клучното барање на Демократскиот сојуз, ЛДП, ДОМ, ВМРО-НП и останатите помали партии е промена на изборниот модел кој сега предвидува шест изборни единици со пропорционален систем.

„Ставот на ДОМ е дека ние се залагаме за една изборна единица, без изборен праг, отворени листи со 50 проценти жени на листите“, рече Маја Морачанин од ДОМ.

„Нашиот претставник, а очекуваме и претставниците на дригите помали партии во работната група, цврсто да го бранат ставот за отворање на прашањето на промена на изборниот модел, а подготвени сме да разговараме и за изборниот праг“, вели Моника Зајкова од ЛДП.

Главен аргумент за ваква сериозна промена во изборниот законик е дека тоа ќе донесе поголемо претставување на гласот на граѓаните и истовремено поголем степен на демократија во државата.

„Со една изборна единица ќе се овозможи повеќе партии самостојно да учествуваат во собранието, а со тоа ќе има поголема контрола, без доминација на одредена партија, што е многу важно сега кога сме во процес на преговори со ЕУ“, вели Љупчо Балковски од ВМРО-НП.

Дел од помалите партии проблемот го гледаат кај ДУИ која инсистира на висок изборен праг од 5 проценти. Од партијата на Ахмети враќаат – ние сме за една изборна единица.

„Прагот од 5 отсот е за да се обезбеди политичка стабилност. Политичка стабилност никому не му е од корист“, изјави Арбер Адени од ДУИ.

СДСМ, најголемиот партнер во владата, денеска не излезе со јасен став за реактивирање на барањето за трансформација на изборниот модел во една изборна единица во пресрет на парламентарните избори предвидени за догодина.

„Во делот на прагот, во делот на отворените листи и со оглед на тоа дека Изборниот законик секогаш се носел со консензус апелираме преку дебата, преку дијалог во работната група да се утврдат потребата од отворени листи, потребата од праг“, вели Миле Талевски од СДСМ.

Опозицијата вели – даваме поддршка, но прво нека се решат во владејачката коалиција што сакаат помалите, а што големите партии.

„Сме за поддршка на една изборна единица... Проблемот е коалициски во самата владејачка коалиција“, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ,

Помалите парламентарни партии уште во март 2021 поднесоа измени на изборниот законик кои предвидуваа една изборна единица. И по две години измените се уште не дошле на дневен ред на пленарна собраниска седница.

XS
SM
MD
LG