Од 10 до 15 отсто пониски цени на продуктите од оние кои биле на рафотвите во малопродажба на 1 март. Одлуката стапува на сила на 16 март. Дополннително ќе се разгледува дали да се замрзнат цените на шеќерот, јајцата и домашен ориз. Речиси сите комапнии ги користат максималните маржи од 20 отсто. Ги намалуваме профитите, кризата не смее да биде на грбот на граѓаните порачаа од Влада
СКОПЈЕ - Цените на тестенините и на голем дел од млечните производи се замрзнуваат од 16 март, одлучи денеска Владата. Анализите покажуваат дека со оваа одлука цените ќе се намалат во просек од 10 до 15 отсто од цената која била во трговијата на мало, односно на рафтовите во продавниците, на 1 март. Со двете одлуки на владата се опфатени шпагеите и макароните чии и на кравјото млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5 %, урдата, кравјото бело сирење и кашкавал, мешаното сирење, јогуртот и киселото млеко.
„99,9 отсто од компаниите ја користат максималната маржа која е наведена од 20 отсто и се здружени да не ги намалат профитите. Затоа одлучивме да го смениме моделот и да одиме на замрзнување на цените“, кажа Крешник Бектеши, министер за економија.
Образложувајќи ги двете одлуки за замрзнување на цените, Бектеши соопшти дека одлучиле да одат со намалување во проценти бидејќи има низз производи кои се произведуваат во државата и низа кои се увезуваат, како тестенините, па затоа е линерано намалување.
Според пресметките пакување на тестенини кое на 1 март чинело 49 денари од 16 март ќе чини 41 или 42 денари.
Бектеши е уверен дека млчените производители, кои најавија дека ќе претрпат загуби со замрзнување на цените, нема да го намалат обемот на производство и нема да има недостаток на рефотвите во продавниците.
„ Сакам да им порачам на млечните производители да не прават притисок до кооперантите односно земјоделците кои продаваат сурово млеко. Анализите се точни и прецизни. Млечните производи се со утврдена маржа од 10 отсто на мало и 10 отсто на големопродажба. Целта е да се намалат нивните профити а не да прават загуби. Очекувам од 16ти сите да постапуваат согласно оваа одлука. Дотогаш да ги намалат цените на производите. Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава кризата да не биде на грб на граѓаните. Простор за намалување има “, рече Бектеши.
Премиерот Ковачевски повтори дека сега не е време за изобилие и дека компаниите добивале финансиска помош и субвенционирана струја за да се ублажат последиците од економско енергетскта криза.
„ Во изминатиот период Владата презде механизми за да им излезе во пресрет на граѓаните, бизниските и компаните. 5 отсто од БДП за справување со кризата е најголем процент во регионот. Им помогнавме на бизисите да се одржат во исклучително тежок период. Помогнавме парично и со субвенции, како она за електрична енергија. Направивме анализи и проценки кои одлуки се приоритет за справување со кризата. Кажав претходно и ќе повторам, сега не е време за изболие и треба да се издигнеме над личните интереси “, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Замрзнувањето на цените можно е да се прошири на други продукти. До крајот на неделата ќе се анализираат цените на белиот шеќер, јајцата од кокошка и домашниот ориз и доколку е потребно ќе се интеренира со истата мерка и за овие производи.