Линкови за пристапност

Половина од Американците веруваат оти националните медиуми сакаат да ги доведат во заблуда, покажа ново истражување


Студијата на Галуп и Фондацијата Најт покажа и дека Американците имаа поголема доверба во локалните вести, како и дека демократите повеќе им веруваат на вестите отколку на републиканците
Студијата на Галуп и Фондацијата Најт покажа и дека Американците имаа поголема доверба во локалните вести, како и дека демократите повеќе им веруваат на вестите отколку на републиканците

Половина од Американците веруваат дека националните новински организации имаат намера да ја доведат во заблуда, дезинформираат или убедуваат јавноста да усвои одредена гледна точка преку нивното известување, покажа неодамнешно истражување кое денес го објави Галуп и Фондацијата Најт, пренесе Асошиетед прес.

Истражувањето покажа ниско ниво на доверба во медиумите до запрепастувачка точка каде што многумина веруваат дека медиумите имаат намера да измамат.

На прашањето дали се согласуваат со изјавата дека националните новински организации немаат намера да доведат во заблуда, 50 отсто одговориле дека не се согласуваат. Само 25 отсто се согласиле, покажа студијата.

Слично на тоа, 52 проценти не се согласуваат со изјавата дека дистрибутерите на националните вести „се грижат за најдобрите интереси на нивните читатели, гледачи и слушатели, покажа студијата.

Во неа се вели дека 23 отсто од испитаниците веруваат оти новинарите дејствуваат во најдобар интерес на јавноста.

„Тоа беше прилично впечатливо за нас“, рече Сара Фиорони, консултант за Галуп. Наодите покажаа длабока недоверба и лошо чувство кои ги надминуваат основите и процесите на новинарството, рече таа.

„Се чини дека Американците не мислат дека националните новински организации се грижат за целокупното влијание на нивното известување врз општеството“, рече Џон Сендс, виш директор за медиуми и демократија на Најт.

Студијата покажа дека Американците имаа поголема доверба во локалните вести.

Способноста на многу луѓе веднаш да ги слушнат вестите од уредот што го држат во рака, брзото темпо на циклусот на вести и зголемениот број на извори на вести, би укажале дека повеќе Американци се на врвот на вестите од кога било досега.

Наместо тоа, се чини дека преоптоварувањето со информации има спротивен ефект. Истражувањето вели дека 61 отсто од Американците веруваат дека овие фактори прават потешко да се биде информиран, додека 37 осто рекле дека е полесно.

Како и со многу други студии, Најт и Галуп открија дека демократите повеќе им веруваат на вестите отколку на републиканците. Во текот на изминатите пет години, нивото на недоверба особено се зголеми меѓу независните. Севкупно, 55 осто од испитаниците рекле дека има голема политичка пристрасност во покривањето, во споредба со 45 отсто во 2017 година.

Во наодот што се рефлектира во финансиските борби на некои новински организации и опаѓањето на рејтингот на телевизиските информативни мрежи, истражувањето покажа дека 32 проценти од Американците рекле дека посветуваат големо внимание на локалните вести, во споредба со 56 отсто на почетокот на 2020 година.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG