Одлуката на Апелација и укинување на пресудата за случајот „Таргет – Тврдина“ и казната на од 12 години за Сашо Мијалков ги отвори сомнежите за начинот на работа на судиите во оваа инстанца. Зошто со месеци предметот е чуван во фиока и со тоа се отвори можноста предметот да застари ќе утврдува три члена работна група. Од Апелација велат дека пресудата за „Таргет Тврдина“ е нејасна но нема ниту збор зотшо им било потребно 14 месеци за да го изградат ставот
СКОПЈЕ – Судскиот совет формираше работа група чии членови се судиите Тања Чачарова-Илиевска, Мирјана Радевска-Стевкова и Мери Радевска кои ќе одат во Апелацискиот суд за да извршат вонредна проверка за тоа како се постапувало во предметот „Таргет Тврдина“ но и во предметите „Трезор“ каде исто така е обвинет екс шефот на тајната полиција Сашо МИјалков и исто така е укината пресудата и вратена во скопскиот кривичен суд. Ќе се испитува и како се работело на предметот „Транспортер“ каде обвинет е екс градоначанчникот на Битола, Владимир Талевски и предметот „Алфа“ за убиството на полициски службеник пред Природно математичкиот факултет.
„Јас сметам овите три предмети треба да бидат испитани. Сметам дека судскиот совет и те како има надлежност да провери дали тој совет дал приоритет на други предмети и ја одолговлекувал постапшката и дали постапувал судија кај кој што е констатирано дека е пензиониран“, изјави Весна Дамева претседател на Судскиот совет.
На седницата на Судскиот совет, судијата Сашко Георгиев укажа дека треба да се испита зошто година дена се држел предметот „Таргет-тврдина“ во фиоките на Апелација ,каде што Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор. Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет, кој треба да го провери предметот, кажа дека тие сега нема да направат ништо што не е направено при редовните контроли врз рабтотата на Апелацискиот суд.
„Што би вршела работната група во контрола и надзор над што? На траењето на дуската постапка? Како паралеле треба да се земе колку тој судски совет имал во овој период и колку решил. Дали имаме намерно одолговлекување или состојбата налагала во зависност од примеот на предмети да се движи така постапката“, изјави Чачарова Илиевска.
Дарко Аврамовски, директор на невладината Коалиција „Сите за правично судење“ смета дека предметот може да застари а бил издвоен за мониторинг поради невообичаено долгото траење на постапката за овој предмет пред Апелацискиот суд од речиси две години.
„Како што беше завршен процесот на мониторинг, се случи да имаме одлука од Апелацискиот суд во однос на овој предмет. Предметот беше издвоен како таков поради неговото невообичаено долго траење во постапката во втор степен, односно речиси две години беше овој предмет пред Апелацискиот суд и оттаму сметавме дека е важно да се истакне како таков предмет, да се прикаже динамиката на одвивање на истиот затоа што еве особено сега со ваквата пресуда на Апелацискиот суд и враќањето на предметот можеме да очекуваме дека повторно ќе имаме една многу долга постапка бидејќи има ризик од настапување на застареност и за истиот е многу веројатно таа да настапи“, рече Аврамовски.
Застарување на делата за масовното прислушување опфатени во предметот „Таргет-Тврдина“ настапува во 2025 година.
Денеска се огласи и Апелецискиот суд и соопшти дека пресудата е укината и вратена во Кривичниот суд бидејќи „постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите.“
Зошто 14 месеци судот работел на предметот од Апелација нема ниту збор.
Во предметот „таргет Тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување обвинетиот Сашои Мијалков доби 12 години затвор, екс министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска беше осудена на четиригодишна затворска казна. Бегалците од УБК, Никола Бошковски и Горан Грујовски добија по 15 години затвор и им се судеше во отсуство.