Линкови за пристапност

Граѓаните во исчекување на пониски цени на рафтовите во маркетите


Цените на рафтовите во продавниците никако да се намалат. Граѓаните во исчекување на намалувањето кубурат со семејниот буџет кој немилосрдно го обезвреднува инфлацијата. Субвенционирана струја од 80 евра и намалени цени на гориво засега не се доволни за компаниите од прехрамбениот сектор да ги исполнат најавите на Владата за 10 отсто поевтини производи. Според министерството за економија клучно е што се уште има залихи од продукти произведени по старите цени на струја и гориво

СКОПЈЕ – Кога ќе падне цената на лебот, млекото, јогуртот, месото и млечните производи е прашање кое граѓаните се почесто го поставуваат. Десетина дена откако голем дел од компаниите од прехрамбената индустрија почнаа да користат субвенционирана струја, нивно клучно барање,цените се се уште исти иако Владата во неколку наварти најави дека од 1 декември ќе има намалување до 10 отсто.

Граѓаните реагираат дека со нивнот семеен Буџет принудени се да бираат што да купат ако воопшто можат да го платат.

„Цените се напикани па сега кобајаги има акција. Се е скапо. Скапотија невидена. Се чудам дали да купам брашно. Разгледував од сите фирми, 59 денари килограм брашно. Да се мисли човек дали да купи. Па на што личи тоа?““, вели пензионерката Бранка.

Слично искуство има уште една жителка на Скопје со која разговаравме пред ланец на маркети.

„Нема ништо намалено, но заебелжив дека дел од продуктите кои мене ми се неопходни се поскапени“, вели пензионерката Марија Тодоровска.

Од министерството за економија причината за исти високи цени на прехранбените продукти ја лоцираат во залихите кои се произведени минатиот месец а сеушѓте се наоѓаат во складишата или на полиците во маркетите. Намалување ќе има повторно најавија од министерството.

„Кај дел од производителите на прехранбени производи веќе е регистрирано намалување на цените, кај млечните производи, зејтинот, лебот, месните производи. Треба да се има во предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени. Во наредниот период очекуваме дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување очекуваме да биде до 10 отсто“, соопштија од економија.

Пазарните инспектори се на терен но казни нема како што беше најавувано.

„Предмет на инспекциски надзори покрај производителите се и трговците. Да видиме како се движат цените, како ги формираат и дали се согласно одлуката и препораките на Владата. Најголем дел од производителите сепак користат повластена цена на електричната енергија“, зијави Анета Симеска Димоска, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Од пекарско-мелничарската индустрија велат дека има минимално снижување на цените. електрична енергија. Месната индустрија се уште без никакво или минорно намалување на цените. Од овој сектор бсе на ставот дека цената на струјата не може да ги намали производите и свежото месо за 10 отсто, бидејќи добитокот се храни со скапи домашни и увозни житарици.

А покрај високите цени тука е и инфлацијата која изнесува речиси 20 отсто и дополнително го обезвреднува семејниот буџет. Северна Македонија има највисока стапка на ифлација во регионот а според Државниот завод за статистика голем дел од прехранбените производи се поскапи за 50 до 100 отсто споредено со истиот период минатата година.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) излезе со пресметка дека минималната синдикална кошничка сега тежи 51 илјада денари што е далеку повеќе од 36 илјади денари колку што изнесуваат две минимални плати во државата.

Според официјалните информации под капата на ЕСМ Продажба во моментов се 187 компании од прехранбената индустрија имаат склучено договор за субвенционирана струја а останатите имаат рок за пријава до 20 декември за да користат субвенционира струја од 1 јануари.

XS
SM
MD
LG