Линкови за пристапност

Саудијците му приредија раскошно добредојде на кинескиот претседател


РИЈАД, 8 декември (Ројтерс) - Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го прими во четвртокот кинескиот претседател Шји Џјинпинг додека кинескиот лидер најави „нова ера“ во арапските односи, во раскошното добредојде сигнализирајќи го интересот на Ријад за продлабочување на врските со Пекинг и покрај претпазливоста на САД.

Припадниците на саудиската кралска гарда јавајќи на арапски коњи и носејќи кинески и саудиски знамиња го придружуваа автомобилот на Шји додека влегуваше во кралската палата во Ријад, каде принцот Мохамед, де факто владетел на нафтениот гигант, го поздрави со топла насмевка.

Посетата беше во целосна спротивност со пречекот на американскиот претседател Џо Бајден во јули која беше на ниско ниво, со кого врските беа затегнати поради саудиската енергетска политика и убиството на Џамал Кашоги во 2018 година, кое ја засени посетата на американскиот претседател.

Од САД велат дека посетата е пример за кинеските обиди да изврши влијание ширум светот и дека нема да ја промени политиката на САД кон Блискиот Исток.

Кинескиот претседателски авион беше придружуван од авиони на саудиските воздухопловни сили при навлегувањето во воздушниот простор на Саудиска Арабија и беа испукани истрели во знак на поздрав додека високи членови на кралското семејство на Саудиска Арабија го пречекаа на аеродромот, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Во авторски текст објавен во саудиските медиуми, Шји рече дека е на „пионерско патување“ за „отворање нова ера на односите на Кина со арапскиот свет, арапските земји од Заливот и Саудиска Арабија“.

Шји, кој треба да се сретне со другите производители на нафта од Заливот и да присуствува на поширокиот собир на арапските лидери во петок, рече дека овие држави се „ризница на енергија за светската економија и воедно се плодна почва за развој на високотехнолошките индустрии.

Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот Залив, како Обединетите Арапски Емирати, рекоа дека нема да избираат страни меѓу глобалните сили и дека диверзифицираат партнери за да им служат на националните економски и безбедносни интереси.

Кина, најголемиот потрошувач на енергија во светот, е главен трговски партнер на земјите од Персискиот залив и билатералните врски се проширија бидејќи регионот ја турка економската диверзификација, што ги зголемува американските незадоволства за кинеското учество во чувствителната инфраструктура на Заливот.

Саудискиот министер за енергија во средата рече дека Ријад ќе остане „доверлив“ енергетски партнер за Пекинг и дека двајцата ќе ја зајакнат соработката во синџирите за снабдување со енергија со формирање на регионален центар во кралството за кинеските фабрики.

Кинеските и саудиските фирми потпишаа и 34 договори за инвестирање во зелена енергија, информатичка технологија, облак услуги, транспорт, градежништво и други сектори, објави државната новинска агенција СПА. Од таму претходно изјавија дека двете земји ќе потпишат првични договори во вредност од 30 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG