Линкови за пристапност

Самохрана мајка од Охрид, на работ од егзистенција


Самохрана мајка од Охрид на работ на егзистенција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

„Одам на работа но, со една плата не можам да постигнам. И, со сметките за струја ќе биде тешко, бидејќи сега ќе бидат повисоки. Нема да бидат 2.000 денари, туку ќе бидат 4.000 денари. Зимава доаѓа и ќе биде многу потешко, а за децава ќе треба да биде топло“, вели Марија Шиникоска, самохрана мајка од Охрид.

Енергетската криза и високите сметки за електрична енергија им создаваат главоболка и на самохраните родители.

Марија Шиникоска од Охрид е само една од многуте кои живеат на раб на издржливост. Таа е самохрана мајка на четири малолетни деца, од кои три живеат со неа. Најмалото има само две и пол години. Вели дека иако оди на работа, минималната плата од само 18.000 денари, не и доволна да го помине месецот, а не пак претстојната зима.

„Многу тешко е. Храната е многу скапа, памперси, млеко се треба да се обезбеди за нив. Само 6.000 денари одат за храна и за училиште. Најтешко ќе биде да се плати струјата. Не можам да ја исклучам климата за децата да седат во ладно. Може и да ми ја исклучат, тоа ми е најтешко. Цело време се мислам како ќе поминам“, вели таа.

Има потреба од секаков вид на помош, најмногу во храна и финансии за да може да си ги подмирува редовно сметките за струја. Живее во социјален стан кој и го додели државата, но за неговото опремување се погрижија хумани граѓани.

„Се собраа многу хумани луѓе кои ми помогнаа со мебел и се останато“, додава таа.

Дополнителна грижа и создава потребата од итна операција на очите на две и пол годишниот Љубен, за кои и се потребни 2.000 евра. Вели, за самохрана мајка како неа е многу тешко да живее сама и да се бори со сите предизвици.

Судбината на Марија ја делат многу самохрани мајки во земјава. Економската и енергетската криза дополнително влијае и на зголемување на процентот на сиромаштија. Се смета дека во Северна Македонија 440.000 граѓани живеат во сиромаштија. Во тој прилог оди и податокот за зголемување на бројот на социјални случаи. Во земјава сега има 36.000 социјални семејства , а пред само две години тој број бил 27.000.

XS
SM
MD
LG