Линкови за пристапност

Шулц: Oпозицијата води тактичка игра да ја стави владата во тешкотии


Пораки до ЕУ да ги исполни ветувањата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Пораки до ЕУ да ги исполни ветувањата

Се засилуваат пораките на влијателни европски „играчи“ за потребата од продолжување на европскиот пат на земјата за што клучно, покрај имплементирање на реформите, е и спроведување на уставните измени. Најнови во серијата повици, пред се до опозицијата и потребата да биде конструктивна, дојдоа од поранешни високи европски претставници – Мартин Шулц, екс-претседателот на Европскиот парламент, и Ан Линде, доскорешната шефица на шведската дипломатија. Пораката беше јасна – кога станува збор за државни интереси нема простор за партиски калкулации.

„Мојот впечаток, и тоа е мој личен впечаток, е дека опозицијата води тактичка игра да ја стави владата во тешкотии. Но, на ниво на држава, независно дали сте во влада, или во опозиција, треба да се земе предвид интересот на земјата во целина. А главен интерес на државата е да се надминат пречките на патото кончлнетсво во ЕУ и затоа сметам дека партиите треба внимателно да размислат за баланс меѓу државна одговорност и тактички чекори во односите влада-опозиција. Главната опозициска партија во земјава е дел од Европската народна партија. ЕПП пак го дели ставот на вашата Влада дека уставните измени се неопходни за напредок во ЕУ“, вели поранешниот претседател на ЕП, Мартин Шулц.

Истовремено со пораките за земјава, Шулц, кој 5 години беше на чело на Европскиот парламент, го критикуваше односот на Брисел кон Северна Македонија, француското вето го нарече неоправдано и мотивирано од домашни причини, и повика Унијата, сега по македонско-бугарскиот договор, да ги исполнува ветувањата. Линде, образложувајќи дека нема пократок пат во тешките евроинтеграции, се надева на конструктивност од домашната опозиција.

„Зборуваме за уставните измени, кои сега сметам дека се важни. Сметам дека актуелниот премиер Димитар Ковачевски, поранешниот премиер Зоран Заев и поранешната министерка Радмила Шекеринска направија особено големи напори да ја донесат земјата во ситуацијата во која се наоѓа сега и искрено се надевам дека ќе има конструктивна опозиција, а не опозиција што само го отежнува патот на вашата земја за членство во ЕУ, зашто нема пократок пат“, рече поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.

Премиерот, повикувајќи се на стратешките определби на земјата утврдени уште во 1991 година, очекува дека пратениците ќе ги застанат зад интересите на граѓаните.

„Одговорност на сите политички партии е да го исполнат она што е зацртано во 1991 година – независна држава, членка на НАТО, членка на ЕУ. На патот кон ЕУ ќе се носат многу одлуки во парламентот и затоа кажав дека и опозицијата мора да биде вклучена. Сметам дека сите политички партии и пратениците кои ги застапуваат граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја членка на ЕУ и една од одлуките е и таа промена на преамбулата на Уставот“, рече премиерот Ковачевски.

Но, паралелно со уставните измени, Македонија треба да испорача и во делот на реформите, меѓу кои едно од најгорливите прашања е справувањето со корупцијата и организираниот криминал. Новата американска амбасадорка, Анџела Агелер, во својот прв јавен настап по предавањето на акредитивите, рече дека борбата против корупцијата во земјава ќе ја направи врвен приоритет. „Да се обврземе сега – јавноста, политичарите, владините службеници – да ја отповикаме корупцијата и да бараме одговорност од корумпираните актери. Неказнивоста мора да заврши“, изјави Агелер.

XS
SM
MD
LG