Линкови за пристапност

Бегалците во Турција, потенцијална опасност за Северна Македонија и регионот


Бегалците во Турција, потенцијална опасност за Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Милионите бегалци, кои во моментот се наоѓаат на територијата на Турција, се потенцијален проблем за сите, изјави неодамна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој потсети дека миграциските текови од 2015 година до денес, предизвикаа многу последици. Само низ територијата на Северна Македонија од 2015 до јануари 2016 година поминале околу еден милион и сто илјади лица.

„Оваа бројка од над 5 милиони кои се наоѓаат на територијата на Турција предизвикува проблеми и за самата држава, меѓутоа тоа е потенцијален проблем и за ЕУ и за целиот наш регион. Затоа е од исклучителна важност како ќе функционира договорот помеѓу ЕУ и Турција. Јас се надевам дека, како и досега, успешно ќе се менаџираат тие односи за да не се создадат поголеми предизвици во делот на справување со миграциите“, рече Спасовски.

Јасмин Реџепи од невладината организација „Легис“, вели дека засега состојбата е стабилна и оти не постои опасност од прелевање на поголема бројка на бегалци од Турција во Северна Македонија. Но претпазливоста мора да е на највисоко ниво.

„Сепак не треба да се исклучи можноста од било какви сценарија, затоа ние, кои работиме на терен, сме секогаш подготвени, бидејќи сме свесни дека поради моменталната турско-грчка политичка нетрпеливост бегалците можат да бидат злоупотребени, како што се случи пред некоја година, кога имавме немири на турско-грчката граница“, вели Реџепи.

Професорот, Никола Дујовски вели дека се` додека се почитува договорот од 17 точки помеѓу Европската комисија и Турција, нема да има проблем.

„Тековите се следат. Се разбира од таму има движење, но за сега тоа е во едни подносливи рамки. Зборуваме за неколку случаи во текот на денот, а тоа може да се забележи и во полициските билтени. Тоа се луѓе кои генерално доаѓаат од таму, меѓутоа дали тие сега во овој момент претставуваат реална опасност за нас? - Не. ЕК постигна договор кој и ден денес го плаќа и се` додека Турција одговара на начин на кој досега го прави, никој не треба да биде загрижен. Тие луѓе се навикнаа таму, живеат во цели кампови“, вели Дујовски.

Турција сега e втора држава во светот по број на бегалци сместени на нејзината територија, предупредува Дујовски. Според него, земјава не може да влијае врз тоа дали ќе има или не нови бегалски бранови, но оти обврска на државата е да ги подготви институциите да бидат поодговорни и посветени, за тогаш кога ќе се јави потреба, да одговорат соодветно.

XS
SM
MD
LG