Линкови за пристапност

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор


Со прогласување на кризна состојба се отвара можноста за дистрибуција на средства кон државната ЕСМ за набавка на јаглен, мазут и гас и непречено производство на струја во периодот кој претстои. Експертите сметаат дека тоа не е доволно, потребни се низа други мерки насои за спас на стопанството и економијата а првенствено олеснување на процесот за набавка и поставување на фотоволтаици кои би го ублажиле ударот од ценовниот шок предизвикан од цената на струјата на светскиот пазар. Бизнис заедницата бара конкретни чекори од Владата бидејќи се заканува клуч на врата во мноегу претпријатија. Цената на струјата на слободниот пазар се очекува да ја надмине бариерата од илјада евра за мегават час


СКОПЈЕ – Кризна состојба во енергетскиот сектор и кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје се двете одлуки кои Владата ги најаваи и ги донесе на седницата која заврши предмалку.

„ Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија“, стои во владиното соопштение.

Двете одлуки стапуваат на сила од 1 септември и ќе траат 30 дена а се на предлог на на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи кој попдланево имаше состанок.

„Станува збор за истата одлука која беше донесена минатата година и во делот на електричната и на топлинската енергија. Согласно нашите закони Владата може да донесе ваква одлука самово траење од 30 дена со важност од 1 септември. Во меѓувреме ќе ја продолжуваме во Собранието каде пратениците имаат право да носат одлука за продолжување на кризната состојба. Моја препорака до Собранието како министер за економија е тоа да биде до крајот на грејната сезона односно крајот на март идната година“, објасни министерот Крешник Бектеши.

За експертите прогласувањето на кризна состојба во енергетскиот сектор е само дел од решението. Потребни се конкретни мерки насочени за спас на економијата и обезбедување на стабилно домашно производство на струја.

„Кризната состојба зависи од успешната работа на термоцентралите. Секој нивни испад ќе значи купување на струја од слободниот пазар и драстично намалување на куповната моќ на Владата. Прашање е како може државата да помогне на стопанството. Што ако обезбедиме гласачи со тоа што ќе држиме цената на струја на ниско ниво. Произведува цела држава за да се одржува ниското ниво а пропаѓа стопанството кое го полни Буџетот и кое заради зголемените трошоци на производстцвото, сите нивни производи се двојно поскапи. Така да заштедуваме една единица затоа што плаќаме малку пониска цена на електрична енергија., а губиме пет денерски единици затоа што мораме сите произивди да ги купиме поскапо заради цената на струјата. Во овој дел државата мора да најде решение. Некоја средина каде што можеби ќе ги оптовари граѓаните малку дополнително за да пшрелее од ефтината електрична енергија во стопанството“, изјави Константин Димитров, универзитетски професор.

Фотоволтаиците се само едно од решенијата кои може да ја ублажат состојбата.

Константин Димитров - универзтитетски професор
Константин Димитров - универзтитетски професор

„ Проблемот е што зимоска ќе ни треба двојно повеќе електрична енергија отколку во овој момент. Единствено што може и мора итно да сторат е да ги укинат сите забрани мерки кои го оптоваруваат поставувањето на фотоволтаиците кои можат веднаш да влезат во функција. Државата да се освести и да го поттикне овој метод. Струјата на слободниот пазар во секој случај нема да биде поефтина од онаа што е денеска. Клучно е да се обезбеди од европската мрежа да се обезбеди непречен проток на струја во случај на испад на системот или недостаток“, вели Димитров.

Денеска се одржа средба меѓу бизнис заедницата и владините претставници на која претставниците на стопанските комори доставија конкретни барања како укинување на ДДВ – то за струја, замрзнување на цената на електричната енергија како што е направено во неколку држави од соседството, доделување на субвенции за покривање на дел од трошоците за елеткрична енегија, и упростување на процедурите за поставување на фотоволтаици.

Стопанствениците се децисни, без прецизни владини мерки следуваат откази и клуч на врата. Од почетокот на годинава до сега над шет илјади фирми се затвориле

„Состојбата со фирмите е дефинитивно тешка. Многу фирми се одлучуваат да работат во една смена иако претходно работеле во три смени. Ваква цена на струјата ниедна цена на производ не може да ја совлада така да дефинитивно ние како економија ќе бидеме нерентабилни и за разлика од оние земји кои имаат фиксна и контролирана цена на струјата, нашите извозно ориентирани компании нема да може да пласираат производи на тие пазари“, изјави Трајан Ангеловски, претседател на Сојузот на стопански комори (ССК).

Вицепремиерот Фатмир Битиќи без прецизен одговор дали барањата на бизнис заедницата ќе бидат прифатени. Повтори дека пред нас доаѓа тешка зима.

„Втора точка на дискусија освен енергетската кризса беа даночните реформи. Тоа оди едно со друго. Не може да се тргнат ако не зборуваме за целосната рефома. Индивидуални мерки не се решение. Тоа го видовме во време на пандемијата и го кажуватме и сега. Решение се структурни промени кои треба заеднички да ги договориме“, реше вицепремиерот Битиќи.

А денеска мегават струја на светската берза чинеше рекордни 650 евра за мегават час но овој рекорд ќе стои кратко бидејќи вече утре цената наструјата на слободната берза ќе достигне 750 евра за мегават час. Прогнозите се дека во зимскиот период оваа цена ќе достигне и над 1.000 евра а тоа ќе резултиура со финансиски колапс на многу држави.

XS
SM
MD
LG