Глас на Америка: Неодамна бевте во Украина. Каква е сликата таму и што се можевте да видите на терен?
Јован Андоновски: На покана на украинската страна бев во посета на Украина. Бев три дена, што ми даде прилика да го осетам секојдневието и животот во Украина. Навистина станува збор за една трагична состојба со голем број на цивилни жртви, сериозни нарушувања на човековите права, сериозно нарушување на меѓународното право. Состојба која не остава надеж дека работите ќе се решат во брзо време. Имав средба со мојата колешка, Заменик народен правобранител, која ме информираше, за сериозни нарушувања на човековите права. Дополнително имав средба и во Јавното обвинителство, со тројца главните обвинители кои ги истражуваат воените дејствија на Руската федерација на територија на Украина, при што беа споделени информации за сериозни сторени сериозни дела, меѓу кои и дела против човештвата дела против меѓународното хуманитарното право. Буча и Ирпин се целосно уништени градови со тешка артилерија напаѓани. Она што е специфично за Буча е масовна гробница, која беше пронајдена во дворот на црквата, каде имаше преку 300 тела. Таму се направени тешки злосторства и од припадници на воените сили на Русија и од чеченските структури, при што луѓето се доведени во заблуда, после окупацијата на населенето место, дека ќе се обезбеди безбедносен коридор, за да ја напуштат Буча. Луѓето ги користат своите автомобили, земаат минимум средств за да излезат. На првиот пункт се пропуштени, а веќе на вториот пункт ги запираат, ги вадат од возилата, и ги стрелаат. Потоа телата се расфрлани низ градот, со цел оние кои се останати во Буча, да им се влее страв од она што се случува и да не се дозволи да се плашат да излезат од своите домови. Лично разговарав со дел од преживеаните.Се уште се во шок, биле принудувани да гледаат и одредени злосторства силувања, стрелања.
Глас на Америка: На вашите колеги од Украина им понудивте правна помош, со цел обелоденување на сите случувања во Украина. Што конкретно им понудивте?
Јован Андоновски: Украина иницира меѓународни инструменти пред меѓународните организации со цел формирање на посебни истражни тела, со крајна цел формирање на меѓународен воен трибунал, по примерот на меѓународниот суд за злосторсѕва кои беа сторени за време на воените дејствија во поранешна Југославија. Тука сметам дека може не само Македонија, туку и другите држави од соседството, да понудат соодветна експертиза. Дополнително инициравме една сериозна идеја, имајки во предвид дека двете страни трпат последици од војната. И, на територија на Украина има руски воени заробеници и на територија на Луганск и Доњецк и на територија на Русија има украински воени заробеници и цивилни лица, кои не биле воопшто учесници во воените дејствја, а кои што се принудно однесени во специјални установи, каде е ограничена нивната слобода. Руската страна не дозволила ниту една меѓународна организација, вклучително и Црвен крст да ги посети овие лица и да обави разговор со нив. Нашиот предлог е да се состави еден мал но компактен тим, од претставници на институциите, омбудсман, кои што ќе ги посетат и двете страни и руските воени зарбобеници на украинска територија и укранските воени заробеници на руската територија и при тоа ќе може да се направи една објективна проценка, за тоа какви се условите во кои тие се сместени, дали се третираат согласно меѓународните стандарди и главната цел е да се преговара да може да се издејствува ослободување на воените заробеници, размена на воените заробеници и уште едно болно прашање, а тоа е информацијата дека над 200.000 деца кои што се Украинци по род од територијата на Луганск и Доњецк, принудно се преселени на територија на Русија и на истите со декрет на претседателот на Русија, им се издаваат руски државјанства на Русија и се раселуваат по територијата на Руската федерација. И дури еден живот да успееме да спасиме и едно дете да вратиме, мислам дека ќе постигнеме голем успех.
Глас на Америка: Кога може да се очекува повторно ваше заминување во Украина и формирање на таа работна група?
Јован Андоновски: Лично се понудив да земам учество во тоа тело, при што идејата е еден претставник да биде на предлог на Украина, еден претставник од институција Омбудцман, од било која друга држава, да биде на предлог на Русија и третиот претставник да биде консензулано договорен меѓу двете страни со цел да се запази неутралност, а да се земе во предвид фактот дека институцијата Омбудцман има неограничено право и можност да ги посетува лицата кои се лишени од слобода. Идејата е веќе ставена на маса. Циркулира и во меѓународните кругови и очекувам дека можеби во текот на летото ќе се случи.