Линкови за пристапност

Ребаланс на буџетот, рекордни 4,6 милијарди евра ќе тежи 2022 година


Растот е проектиран на 3,2 отсто а  инфлацијата на 7,2отсто. Со ребалансот има нето зголемување на расходите за 260 милиони евра. Дефицитот во буџетот ќе изнесува 694 милиони евра, или 5,3 отсто од бруто домашниот производ. Државата ќе се задолжи нови 900
Растот е проектиран на 3,2 отсто а  инфлацијата на 7,2отсто. Со ребалансот има нето зголемување на расходите за 260 милиони евра. Дефицитот во буџетот ќе изнесува 694 милиони евра, или 5,3 отсто од бруто домашниот производ. Државата ќе се задолжи нови 900

СКОПЈЕ - Рекордни 4,6 милијарди евра, со последниот ребаланс, тежи буџетот со кој ќе треба да се преживее оваа 2022 година. Предвидувањата се изменија па сега ќе има понизок економски раст и повисока инфлација, поголем дефицит и покрај кратењето на непродуктивните трошоци и капитални инвестиции, а предвидени се повеќе пари за зачувување на стандардот на граѓаните и помош на стопанството.ж

Министерот за финасии, Фатмир Бесими, го презентираше ребалансот на буџетот во кој непродуктивните трошоци ќе се скратат за околу 200 милиони евра, но во исто време расходите за поддршка на стопанството и граѓаните ќе се зголемат за вкупно 470 милиони евра.

Државата ќе се задолжи за нови 900 милиони евра од странство и од дома. Од овие средства 200 милиони евра ќе бидат за враќање на стари долгови, со останатите 700 милиони евра ќе се покрива дупката во буџетот. Висината на заемот од ММФ, министерот Бесими не можеше да ја прецизира.

Со ребалансот ќе се потрошат над 200 милиони евра повеќе, а ќе се соберат 100 милиони евра плус. Расходите се проектирани на 4,6 милијарди евра , а приходите на 4 милијарди евра.

Предвидено е и зголемување на дефицитот. Тој е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари односно 5,3 отсто од БДП, а тоа е за 9,1 милијарда денари (околу 150 милиони евра) повеќе во однос на првичниот буџет.

„Проектирана е дополнителна финансиска поддршка од 4,7 милијарди денари за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи. Обезбедуваме заштита – бафер, за да имаме простор за брза реакција со нови мерки за заштита на граѓаните и стопанството. Предвидовме дополнителни 3,2 милијарди денари за субвенции за земјоделците, со цел стимулирање на приносите и амортизирање на ценовните притисоци на основните прехранбени производи. Исто така предвиден е пораст на трансферите до ЕЛС за покачување на платите на вработените во градинките, како и за вработените во основните и средните училишта за 15% почнувајќи од септември 2022 година. Пензиите се дополнително зголемени, согласно новата методологија на пресметка на пензиите. Планирани се средства за програмата за субвенционирање на придонеси за поддршка на плати“, изјави Бесими.

За помош на граѓаните и фирмите обезбедени се дополнителни 76 милиони евра а предвидени се и нови 52 милиони евра за земјоделството, како и пари за покачување на пензиите и платите од септември.

Министерот Бесими е сигурен дека ќе има нови мерки од Владата за да не се почуствуваат ценовните шокови. Сепак кога и какви допрва ќе се утврдува и разгледува.

„Ќе ја следиме состојбата и ќе одиме со мерки кои ќе бидат со поинаков дизајн или со по таргетирани мерки, мерки кои ќе помагаат на најранливите категории на граѓани, но и на најпогодените сектори со цел тие мерки да имаат поголеми ефекти, а друга страна приходната страна на буџетот да нема толкав терет каков што во моментов се соочуваме“ изјави министерот Бесими.

За да се зачуваат пари во државната каса ќе се крати на возила и мебел но и на капитални инвестиции од каде ќе се повлечат околу 100 милиони евра.

Инфлацијата е проектирана на 7,2 отсто но според Бесими се очекува стабилизирање на притисокот врз цените.

„Стапката на инфлација во текот на 2022 година е проектирана на ниво од 7,2 отсто што претставува интензивирање на ценовниот пораст споредено со 2021 година. Тука ќе напоменам дека и меѓународните финансиски институции очекуваат во втората половина од годината умерено и постепено да се стабилизираат ценовните притисоци додека догодина да дојде и до целосна стабилизација на истите“,рече Бесими.

Владините експерти проценија дека годинава домашната економија ќе заврши со раст од 3,2 отсто наместо првично проценетите 4,6 отсто.

XS
SM
MD
LG