Линкови за пристапност

Регулаторна одлучи - струјата ќе поскапи за 9,48 отсто


Texas-Power-Grid
Texas-Power-Grid

Се укинува дневната евтина тарифа, ноќната останува и онаа во недела. Регулаторна не ги призна дел од трошоците на енергетските компании и им ги скрати профитите за да поскапувањето да биде што е можно пониско. Енергетските компании незадоволни тврдат дека ликвидноста се доведува во прашање

СКОПЈЕ – „Ова беше една од најтешките одлуки кои ги донесовме“.
Со овие зборови претседателот на регулаторната комисија, Марко Бислимовски ја почна прес конференцијата на која соопшти дека од задутре, 1 јануари, граѓаните ќе плаќаат поскапа струја за 9,48 отсто и ќе се укине дневната евтина тарифа со цел да се заштеди што е можно повеќе и да се ограничи покапувањето. Ноќната евтина тарифа останува исто како и евтина струја во недела.

Гледано низ бројки поскапувањето од 9,48 отсто значи дека ако едно семејство досега за струја плаќало по 2.000 денари месечно со новото поскапување ќе мора да одвони уште 190 денари.

За да се стигне до овие 9,48 отсто, регулаторите скратија голем дел од профитот на енергетските компании и не признаа дел од трошоците кои енергетските компании ги доставија во барањата за поскапување

„ Вкупно 25 милиони евра за обновливи избори се тргнати како трошок во оваа одлука за цената на електричната енергија. На снабдувачите, наместо да плаќаат 250 – 260 евра, дадени им се годишно околу 240 милиони киловат часови по 105 евра за мегават час. Профитот кај МЕПСО и Елелектродистрибуција е намалени за 90 проценти или околу 21 милион евра се тргнати да не бидат на товар на граѓаните. Инсистиравме и ЕСМ да обезбеди 100 проценти од потребите на домаќинствата. Во оваа наша калкулација не се внесени никакви трошоци за увоз. Целокупните потреби на домаќинствата ќе бидат обезбедени од ЕСМ за 141 евро за мегават час“, изјави Бислимовски.

Енергетските компании кои бараа покачување од 60 до 100 отсто се незадоволни од одлуката и сметаат дека е загрозена нивната ликвидност.

„Побаравме Владата да им помогне на државните компании за да ја задржат ликвидноста. Калкулираме дека набавната цена за покривање на загубите ќе изнесува 143 евра за мегават час и тоа е просек на ниво на цела година, иако компаниите побараа многу повеќе – Елелектродистрибуција 220 евра за мегават час и МЕПСО над 200 евра“, рече Бислимовски.

Бислимовски објасни дека доколку останеше дневната ефтина тарифа поскапувањетона цената ќе изнесуваше 14,23 отсто и ја искучи можноста од рестрикции како и од дополнително поскапување во јуни.

За негодиувањата на компаниите тој кажа дека доколку цената е повисока тие ќе имаат проблем со наплатата и повторно нема да генерираат никаков профит.

Околу барањата на БЕГ за поскапување на цената за 300 отсто, Бислимовски најави дека нема да има драстично поскапување бидејќи во тој случај голем дел од граѓасните корисници на услугите на БЕГ би се префрлиле на греење на струја што е ризик за постоечката мрежа која не може да издржи голем наплив на потрошувачка.

„Набавната цена на природниот гас во делот каде купува БЕГ по цена на берзи е околу 1480 долари за метар кубен. Ова е набавка за јануари и е за речиси шест пати повисоко од просекот во 2021 година кога изнесуваше 240 долари за метар кубен. Тоа што го мислев за електричната енергија, го мислам и за топлинската – дека драстично поскапување на парното не е решение зашто голем број потрошувачи ќе се исклучат од системот и ќе почнат да користат електрична енергија за греење. Во комуникација сме со Владата и мислам дека ќе наидеме на разбирање, но го повикувам и одговорните во Град Скопје и општините во Градот активно да се вклучат и ако е потребно да обезбедат соодветни субвенции за потрошувачите Очекувам да излезат во пресрет“, рече Бислимовски.

Регулаторна најави дека утре ќе соопшти дали и колку ќе поскапи цената на парно греењето за корисниците на БЕГ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG