Линкови за пристапност

Бајден отворено призна дека и демократијата во САД е ранлива


За прв пат, САД беа означени како „назадлива демократија“ во извештајот од 2021-вата година објавен во ноември од страна на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош

Американскиот претседател Џо Бајден ја призна ранливоста на сопствената земја за време на виртуелниот Самит за демократија кој ги обединува светските лидери, граѓанското општество и приватниот сектор за да „постави афирмативна агенда за демократска обнова и за справување со најголемите закани со кои се соочуваат демократиите денес преку колективна акција“.

„Соочени со одржливи и алармантни предизвици за демократијата, универзалните човекови права и насекаде низ светот, на демократијата и требаат шампиони“, рече Бајден за време на неговото отворање на почетокот на дводневниот настан во четвртокот.

За прв пат, САД беа означени како „назадлива демократија“ во извештајот од 2021-вата година објавен во ноември од страна на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош, главно поради оспорувањето на резултатите од изборите во 2020-та година, што кулминираше со немири пред зградата на Конгресот на 6-ти јануари од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Бајден не го спомна поранешниот претседател ниту обидот за востание, но рече дека американската демократија е тековна борба „да живееме според нашите највисоки идеали и да ги залечиме нашите поделби и повторно да се посветиме на основачката идеја на нашата нација заробена во нашата Декларација за независност”.

Тимот на Бајден пристапи кон самитот „многу понизно“, признавајќи дека САД имаат свои проблеми на кои треба да работат, рече Стивен Фелдштајн, висок соработник во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир. „Мислам дека тоа е навистина важен тон што тие го поставија“.

Иницијатива за демократска обнова

Бајден го најави воспоставувањето на Претседателската иницијатива за демократска обнова како и низа други иницијативи за странска помош до 424,4 милиони американски долари во наредната година, што е предмет на одобрување од Конгресот.

Иницијативите вклучуваат средства за поддршка на независни медиуми, антикорупциски напори, зајакнување на реформаторите, синдикатите и маргинализираните групи, унапредување на технологијата што ја поддржува демократијата и одбрана на слободни и фер избори.

„Работните права се една област каде што администрацијата почна да ја преточува својата силна домашна позиција во поддршка на организирањето на работниците на зголемена поддршка за работничките права низ целиот свет“, рече Марти Флакс, директор и постар соработник на Иницијативата за човекови права во Центарот за Стратешки и меѓународни студии.

Самитот е дел од предизборното ветување на Бајден за зајакнување на демократијата ширум светот во време кога автократските влади се во пораст - точка што претседателот ја истакна во својот говор.

„Тие се обидуваат да ја унапредат сопствената моќ, да извезуваат и да го прошират своето влијание низ светот и да ги оправдаат репресивните политики и практики како поефикасен начин за справување со денешните предизвици“, рече Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG