Резултати од лабораториски тестови спроведени во Африканскиот здравствен истражувачки институт во Дурбан на примероци од целосно вакцинирани со две дози вакцини од Фајзер, открија 41-кратно намалување на нивоата на неутрализирачки антитела против омикрон, што е многу пообемно намалување од другите варијанти во слични експерименти.
Примероците беа одвоени меѓу оние од шест неинфицирани вакцинирани лица и шест лица кои биле заразени со ковид-19 пред да се вакцинираат. Истражувачите откриле дека примероците од втората група произведуваат посилни антитела од оние од првата група.
Алекс Сигал, водечки истражувач, вели дека резултатите покажуваат дека вакцините се’ уште се ефикасни против омикрон. Студијата, која беше објавена на интернет во вторникот, не е објавена во рецензирано научно списание.
Во сличен развој на настаните, Фајзер и германската Бионтек, ко-развивач на нејзината вакцина за ковид-19, денес изјавија дека прелиминарните лабораториски студии покажале дека вакцината со две дози била ефикасна против варијантата омикрон откако била примена како засилувач.
Компаниите рекоа дека примероците на поединци кои го примиле почетниот режим на две дози покажале намалување на антителата против омикрон за 25 пати во споредба со таканаречената верзија на коронавирусот од „див тип“, додека примероците од луѓе кои примиле засилувач покажа дека дополнителната доза ги зголемила антителата за иста количина.
Фајзер и Бионтек развиваат нова верзија на нивната вакцина ковид-19 специјално за борба против новата варијанта омикрон.
Во други случувања, британскиот производител на лековите Глаксо Смит Клине вели дека понатамошните студии за нејзиниот експериментален третман на антитела се ефикасни против сите 37 идентификувани мутации на варијантата омикрон. Претходните студии покажаа дека лекот, наречен Сотровимаб, е ефикасен против клучната мутација на протеинот на омикрон, дел од вирусот што се врзува за клетките во нашите тела.
Глаксо Смит Клине го развива лекот Сотровимаб во соработка со американскиот производител на лекови Вир Биотехнолоџи. Резултатите од студијата не се рецензирани.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес (Ројтерс, Агенција Франс прес).
Facebook Forum