Линкови за пристапност

Поголеми плати за угостителските работници за да се задржи персоналот дома


Охридските хотелиери признаваат дека има недостатокот на работната сила
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Охридските хотелиери признаваат дека има недостатокот на работната сила. Но не сметаат дека за тоа причина се само платите

Сопствениците на угостителски објекти да го одврзат повеќе ќесето ако сакаат стручниот кадар да го задржат дома, велат за Гласот на Америка, искусни готвачи од регионот на поранешна Југославија. Последните неколку години, се повеќе угостителскиот и туристичкиот сектор во земјава се соочува со недостаток на квалификувана работна сила. Најмногу на пазарот во Охрид фалат готвачи, келнери и шанкери.

„Платите се навистина проблем. Мислам дека работите малку по малку треба да се подобруваат. Не може само сопствениците да заработуваат, бидејќи задоволен персонал ќе им донесе повеќе пари. Секако дека наградите во вид на плати треба полека да растат, за луѓето да имаат доволно, да не мора да одат да работат надвор. Треба да се инвестира и во едукација на персоналот. Има многу Македонци кои работат во Хрватска, во ресторани, хотели и на бродови“, вели Жељко Невен Бремец, претседател на ШКМЕР -шефови на кујни на медитеранска и европска регија.

И во Црна Гора голем е бројот на готвачи од земјава, кои за време на летната туристичка сезона работат на црногорското приморје.

„Тоа не е проблем. Плати, па ќе ги имаш. Кај нас во Црна Гора највисоката плата кај готвачите оваа година порасна и сега се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра. Не можете вие некого да го попречувате да ја оствари својата животна цел, да купи стан, автомобил... Она што е интересно е што нашиот кадар оди во Хрватска, а Македонците ги пополнуваат тие места кај нас“, додава тој.

Одливот на стручен кадар не е проблем само на Северна Македонија. Проблем имаат и во Словенија и Хрватска. Нивниот кадар заминува во Ирска, Скандинавија.

„Ние треба да работиме на едукација на хотелиерите, на сопствениците на ресторани и мали бизниси, да разберат дека дел од колачот треба да го издвојат за својот персонал, но и дека мора да ги едуцираат своите луѓе. Мора да разберат дека капиталот кој го стекнале во 90-те години е минато и дека сега вложувањето во луѓе е клуч за успехот на нивниот ресторан, хотел или бизнис со кој се занимаваат“, вели Момчило Цониќ, предавач по кулинарство на Академијата на јужна Србија во Лесковац.

И охридските хотелиери признаваат дека има недостатокот на работната сила. Но, не сметаат дека за тоа причина се само платите.

„Недостатокот почнува од училишните клупи, уште од средно образование.10 проценти од вкупно запишаните средношколци се запишани на струки кои се потребни на ова стопанство. Тоа е поразителен податок. Треба да се прават форми како да се привлечат. Навистина во овој момент може да кажеме дека сме загрозени и дека дејноста ни е во опасност“, вели Тоше Чочороски, менаџер на хотел Силекс во Охрид.

Сопствениците на објектите, решението во блиска иднина го гледаат и во увоз на работна сила од соседните држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG