Линкови за пристапност

Вархеји: По изборите во двете земји, има можност за решение уште во декември


Можност за продолжување на разговорите со Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

По избори во Бугарија и во Северна Македонија, се надеваме на брз прогрес на тој план. Од наша страна ние веднаш ќе продолжиме со ангажманот за да се финализира отвореното прашање

„Има шанси за пробив во македонско-бугарските разговори“, се проценките на дел од политичките кругови во Скопје и во Брисел. Овој оптимизам се темели на фактот што и двете земји ги заокружија изборите, Бугарија – парламентарните, Северна Македонија – локалните и дека тоа дава поголема политичка стабилност и предвидливост што пак би помогнало за враќање на фокусот на дијалогот за деблокада на евроинтеграциите, можеби веќе во декември.

„Нема да биде лесно, но оттука придонесот на секој во обидот за ова отворање ново поглавје за државата за приближување на чекор до ЕУ ќе биде од суштинско значење. Имајќи предвид дека деблокадата е клучот за целиот регион, мислам дека вклучувањето на сите чинители во државата во правец на изнаоѓање решение, во правец на почеток на преговори ќе биде запаметено како суштински придонес и за државата и за регионот“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За ова прашање Османи разговарал и на средбата со еврокомесарот за проширување. Оливер Вархеји самиот, во пресрет на состанокот на кој се дебатираше за Западен Балкан, го потенцираше фактот дека по изборите во двете земји претстои можност за решение уште во декември.

„По избори во Бугарија и во Северна Македонија, се надеваме на брз прогрес на тој план. Од наша страна ние веднаш ќе продолжиме со ангажманот за да се финализира отвореното прашање околу првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија до крајот на оваа година“, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Според познавачи на состојбите во Бугарија, можноста за компромис до Европскиот совет во декември, временски е многу куса, неполни две седмици. Во тој период е малку веројатно во Софија да се формира нова политичка влада. Затоа, проценките се дека за да се фати „декемврискиот воз“, пред се ќе зависи од претседателот Радев и неговата подготвеност суштински да се разговара за прашањата за кои и двете страни се согласни да дебатираат. Првите луѓе на победничката коалиција на неделните избори - „Промената продолжува“, меѓу кои треба да се бара потенцијалниот иден бугарски премиер, најавуваат нов пристап кон Северна Македонија изјавувајќи дека „процесот на добрососедство не треба да се урне и земјата да биде примена во ЕУ само врз основа на еден критериум - историјата“. Но, прашање е дали ваквата позиција ќе биде прифатлива за сите партнери во можната идна бугарска влада. Дури и тој нов пристап да биде прифатен во Софија, малку е веројатно дека ќе може да се покаже на дело до декемврискиот собир на врвот на Унијата зашто очекувањата се дека новата влада во Бугарија би ја презела власта дури кон крајот на оваа, или на почетокот на идната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG