Линкови за пристапност

Многу претседатели на САД се потпираа на советот и искуството на Пауел, рече Буш


Пауел имаше клучна улога пред две децении во некои од клучните воени конфликти на државата

Колин Пауел, првиот Афроамериканец државен секретар на САД и висок воен офицер, почина од компликации од ковид-19, соопшти неговото семејство, објави „Ројтерс“. Имаше 84 години.

„Тој беше целосно вакциниран. Изгубивме прекрасен сопруг, татко, дедо и голем Американец“, напиша семејството на Пауел на неговата Фејсбук страница.

Армиски генерал со четири ѕвезди тој беше претседател на Генералниот штаб во времето на Џорџ Буш постариот. Како умерен републиканец и прагматичар тој беше државен секретар на САД за време на администрацијата на Џорџ Буш.

Паул беше висок дипломат на САД од 2001 до 2005 година за време на првиот мандат на републиканскиот претседател Џорџ Буш помладиот.

Буш денес изјави дека тој и поранешната прва дама Лора Буш се „длабоко растажени“ поради смртта на Пауел.

„Тој одлично му служеше на народот, почнувајќи од неговото време како војник во Виетнам. Многу претседатели се потпирале на советите и искуството на Пауел. Тој им беше омилен на претседателите и двапати беше одликуван со Претседателски медал на слободата. Беше многу почитуван дома и во странство“, изјави Буш.

Пауел важеше за умерен републиканец и прагматичар. Тој размислуваше да влезе во трка за претседател против Клинтон во 1996 година, но, одлучи да не го направи тоа бидејќи неговата сопруга Алма беше загрижена за неговата безбедност.

Во 2008 година тој јавно го поддржа демократскиот претседателски кандидат Барак Обама, кој потоа стана првиот црн претседател на САД.

Пауел имаше клучна улога пред две децении во некои од клучните воени конфликти на државата.

Во телевизиско интервју тој ја опиша поддршката за американската инвазија на Ирак како „дамка“ во неговата кариера. САД не открија оружје за масовно уништување во Ирак.

„Секогаш ќе биде дел од моето наследство“, рече тој, додавајќи:

„Беше болно. Болно е и сега“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG