Линкови за пристапност

ЦДЦ уште еднаш ги повика бремените жени во САД да се вакцинираат против ковид-19


Од фармацевтската компанија со седиште во САД, Мерк, велат дека нивниот експериментален антивирусен лек против ковид-19 се чини дека е ефикасен против познати варијанти на болеста

Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) уште еднаш ги повикаа бремените жени во САД да се вакцинираат против ковид-19.

Ваквите препораки издадени во средата, исто така, вклучуваат и жени кои се обидуваат да забременат или неодамна биле бремени. Агенцијата предупредува дека вирусот претставува сериозен ризик за време на бременост како и зголемен ризик од предвремено раѓање, мртвородени бебиња или други компликации.

ЦДЦ вели дека околу 125 илјади бремени жени во САД се тестирани како позитивни на ковид-19, со 22 илјади хоспитализирани и 161 починати, вклучително и рекордно високо ниво од 22 смртни случаи само во месец август. Од таму велат дека 97 проценти од бремените жени хоспитализирани со ковид-19 не биле вакцинирани.

Препораките издадени од ЦДЦ минатиот месец се дека доказите покажуваат дека придобивките од вакцината далеку го надминуваат ризикот од спонтан абортус или какви било други потенцијални компликации.

Од фармацевтската компанија со седиште во САД, Мерк, велат дека нивниот експериментален антивирусен лек против ковид-19 се чини дека е ефикасен против познати варијанти на болеста. Компанијата во средата соопшти дека клиничките испитувања во рана фаза откриле дека новиот лек, молнупиравир, е најефикасен кога им се дава на пациентите во рок од пет дена од нивната првична дијагноза.

Од Мерк велат дека започнале две широко распространети испитувања на лекот молнупиравир во доцна фаза, едното како терапевтски третман на ковид-19, а другата како профилакса или превентивен третман.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес (Ројтерс, АФП).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG