Линкови за пристапност

Реакции за нон-пејперот: Северна Македонија, нема што повеќе да прифаќа


Реакции по нон-пејпрот за решавање на македонско бугарскиот спор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

За македонската влада,официјален е само предлогот кој бил претставен за време на португалското претседателство со ЕУ

Содржината на неодамна објавениот Нон-пејпeр, со кој се нудат решенија за надминување на македонско-бугарскиот спор, за универзитескиот професор и аналитичар, Никола Дујовски е доказ за солидарноста внатре помеѓу земјите членки на ЕУ. Овој документ предизвика реакции во македонската јавност.

„Тие секогаш ќе се држат до политиката дека ние сме внатре и секој кој што сака да биде дел од ова семејство мора да ги прифати, па колку и да биле тие услови непринципиелни“, вели професорот и аналитичар Никола Дујовски.

Во Нон-пејперот кој го објави ТВ Клан, меѓу другото стои дека на Бугарија ќе и се дадат гаранции за зацврстување на сегашниот концепт на нација-држава, при што ќе и се признае историски контекст за бугарското потекло на нејзините граѓани без исклучок, додека во Република Северна Македонија, пак, ќе се засили контекстот на мултиетничко општество преку вклучување и на бугарскиот наратив, а Бугарите ќе се внесат во Уставот, соодветно како и сите други етнички заедници.

Здруженијата на Бугарите со тоа ќе добијат заштита и посебна нега од државата за да негуваат, промовираат и изучуваат сопствен аспект на историските настани и тоа ќе им биде уставно загарантирано.

Во однос на историските настани се предлага т.н. дуален принцип, што ќе им овозможи на двете страни од сопствен аспект да ги толкуват единствените историски настани.

Мнозинскиот дел од словенскиот народ, кои себе се идентификуваат како Македонци, и кои сметаат на историскиот контекст за посебност на македонскиот народ ќе ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на оваа заедничка историја.Тоа подразбира дека ќе постои единствена фактичка вистина, произлезена од емпириската научна активност, но на која ќе и се овозможи дуален аспект за дефинирање на националниот контекст и значење за двата национални идентитети. Овој дуален систем ќе се примени и во образовниот систем, со дуално објаснување на контекстот на историските настани, со посебна назнака македонски и бугарски наратив.

На крајот во овој документ за кој се вели дека им бил познат и на водечките членки на ЕУ, стои дека прашањето на јазикот и употребата на краткото име за Северна Македонија, треба да биде решено според предложеното од претседавачките предлози (Германски, Португалски, Словенечки).

Професорот Дујовски вели дека Северна Македонија, нема што повеќе да прифаќа.

„Јас мислам дека и во државата и во општеството, граѓаните се свесни дека ние дадовме многу по однос на членството во НАТО. И, нема простор повеќе за никакви отстапки бидејќи тие не се разумни. Барањата на Бугарија не се соодветни со модерната политика на 21-виот век и таа политика е политика на историја. Ова Бугарија не го прави сама. Јас никогаш не гледам дека ова е политика исклучиво на Софија“, додава тој.

Професорот, Ризван Сулејмани, решавањето на овој проблем, го поистоветува со подолг маратон, на кој треба да бидеме подготвени.

„Оптимизмот повеќе го базирам на тоа, дека конечно Европа и НАТО, ќе отворат дебата за крупни политички прашања и ќе изградат ефикасни механизми за решавање на вакви второразедни прашања, кои се однеусваат за глобалните прашања“, вели Сулејмани.

За македонската влада, официјален е само предлогот кој бил претставен за време на португалското претседателство со ЕУ, кој овозможувал решенија прифатливи за двете страни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG