Линкови за пристапност

Последиците од пожарите ќе се чувствуваат 50 години


Последиците од пожарите ќе се чувствуваат 50 години
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Пожарите во направија пустош низ државата. Земјава изгуби квалитетни шуми, како оние во регионот на Малешевијата. Познавачите на приликите сметаат дека ќе биде потребно и до половина век изгубеното повторно да се врати во првобитна состојба.

На пеплосаните површини со шуми кои настрадаа во големите пожари кои зафатија делови од земјава, ќе им биде потребно повеќе од половина век за да се вратат во првобитна состојбa. Но ќе биде потребно од сега да отпочне процес на пошумување со нови насади. Вакви прогнози доаѓаат од експертската јавност.

„Стручните лица велат од 20 до 50 годни. Но еве 50 години е оптимален век за шумата да се врати во првобитна состојба, што е многу“ вели Јулиана Николова, директорка на ЈП Национални шуми.

Точните проценки на направените штети ќе се утврдат дури откако ќе се заврши со гаснење на пожарите. Но само во делчевскиот регион според локалните власти уништени се 3000 хектари.

„Оваа година е рекордер во однос на пожарите, опфатот и квалитетот на шумите која е зафатена. Лани имало 102 пожари, а пред таа година имало 402 пожари. Лани штетата била 80 милиони денари, а пред таа година скоро милијарда денари. Оваа година очекуваме штетите да бидат многу поголеми“ објаснува Јулиана Николова, директорка на ЈП Национални шуми.

По завршувањето на пожарите, национални шуми ќе треба да го исчистат теренот и да извршат пошумување. Но експертите сметаат дека ова ќе остави далекусежни последици и врз екосистемот.

„Ова е резултат на егоизмот на човекот и борбата за профит,заборавање на животот на идните генерации.Се посурово ќе ја плаќаме оваа казна,што условно некој го направи“ изјави Александар Трендафилов, професор на факултет за шумарски науки.

Штетите сигурно ќе бидат огромни ако се знае квалитетот на шумската маса особено во беровскиот регион.

„Акцентот се стави токму на Малешевијата. Но ја изгубија контролата и не мислеа и не беа свесни што може да ни се случи. Така да ништо не е случајно. Особено пожари во тој регион во Малешевијата каде се најдобрите шуми. Mислам дека луѓето кои условно го ставаат чкорчето не се основен виновник, туку стои некој зад нив“ вели Александар Трендафилов, професор на факултет за шумарски науки.

Професорот додава дека во прилог не одат ниту климатските промени.

„Не е проблем да изгубиме две куќи .Куќи ќе изградиме веднаш за една година или две, но шумата не може. На шумата и треба време да ја воспоставиме и дали ќе успееме со овие климатски промени“ вели Александар Трендафилов, професор на факултет за шумарски науки.

Од Национални шуми сакаат да воведат детектори кои ќе имаат функција за рано откривање на пожари, нешто кое веќе се применува во некои европски држави.

„Тие имаат сензори кои не само што го утврдуваат постоењето и појавата на пожар,туку предвидуваат каде би било евентуалното ширење на пожарот. На тој начин штетите би се намалиле пожарите и многу благовремено би се дејствувало во тој дел“ вели Јулиана Николова, директорка на ЈП Национални шуми.

Но иако вработените од ова јавно претпријатие се првите кои на терен се соочуваат со пожарите, проблем е недоволнот број на теренски возила и цистерни. Располагаат само со 19 возила и една цистерна. Им се потребни уште десетина. Имаат недостаток и на шумочувари.

Струката е доста дефицитарна. Младите луѓе поретко се решаваат на оваа професија“ вели Николова.

Николова вели дека се потребни строги казни за потпалувачите на пожарите но оти е добро да се воведат уште построги мерки во законската легислатива. Професорот Трендафиов вели дека она што треба да следува се сериозни мерки за пошумување на просторот, како и нови документи за просторно планирање и планирање на шумите.

XS
SM
MD
LG