Линкови за пристапност

САД и европските држави засега не одобруваат трета доза вакцина


СЗО бара дискусиите за трета доза да продолажат по вакцинирање на глобалното население

Ниту САД ниту која било друга европска држава досега одобрија трета доза вакцина за зголемување на имунитетот.

Минатата недела, Светската здравствена организација (СЗО) повика да се стави мораториум на дискусиите за трета доза додека поголемиот дел од глобалното население не се вакцинира.

Од почетокот на пандемијата САД, Индија и Бразил имаат најголем број заразени и смртни случаи како последица на ковид-19, според Универзитетот Џонс Хопкинс.

САД имаат над 35,7 милиони случаи и преку 616.000 смртни случаи, Индија има речиси 32 милиони заразени и речиси 428.000 починати, додека Бразил регистрираше 20,1 милион случај и над 563.000 починати.

По нив следат Франција, Русија и Обединетото кралство со повеќе од по шест милиони заразени и од 112.000 до 162.000 смртни случаи.

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, заклучно со денес се регистрирани 202.7 милиони заразени на глобално ниво и 4,2 милиони смртни случаи.

Дел од информациите во текстот се обезбедени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG