СКОПЈЕ - Четворица борци на терористичката Исламска држава -(ИД) или ИСИЛ, заедно со нивните семејства веравечер се испорачани на македонските власти, соопшти Владата. Чдеетворицата борци биле заробени или се предале на сојузничите војски во Сирија и Ирак а испорачани се со членови на нивните семејства - 5 жени и 14 деца.
„Против четворицата странски терористички борци, по претходно обезбедени докази од страна на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, и во координација со Агенцијата за национална безбедност, поднесени се соодветни кривични пријави во согласност со националното законодавство. Поради нивна недостапност на органите на прогонот, за истите имаше распишано меѓународни потерници, а во нивно отсуство, определена е мерка притвор, со решение на надлежен суд“, соопшти Владата.
Нивните сопруги и деца нема да одат во притвор туку во карантин поради ризикот од коронавирусот а во тој период ќе се испитува што правеле тие во Сирија и Ирак и дали има докази за кривично гонење.
„Со исклучување на можноста за нивна вклученост во дејствија кои подлежат на казнено - правна одговорност, почитувајќи го во целост начелото на доброволност, ќе отпочне процесот на нивно рехабилитирање, ресоцијализирање и реинтегрирање во заедницата, односно во општеството“, објаснија од Владата.
Она што беше клучен проблем е што на репатрираните борци треба да им се суди во матичната држава, во овој случај Северна Македонија, па затоа за домашното правосудство претставува проблем прибирањето на докази дека тие извршиле злосторства и учествувале во убиства на заробеници.
Токму затоа во 2014 година се направија измени во Кривичниот законик со кој како кривични дела се воведоа учество во странски војски и терористички организации како и врбување и обука на лица на учество во странски војски за кои се предвидени казни од три до пет години затвор.
„ Македонските државјани, кои спротивно на закон ќе учествуваат или ќе се обучуваат од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи кои, надвор од територијата на државата, ќе се соочат со затворска казна од најмалку четири години. Тој што врбува граѓанин на Република Македонија за служба во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации или за учество во војна или вооружен судир против Република Македонија или нејзините сојузници, ќе се казни со затвор најмалку пет години “, стои во членот 322 од Кривичниот законик.
Ова не е прв пат македонски државјани заробени на боиштата во Сирија, Ирак и Авганстан да бидат репатрирани во Македонија.
Во август 2018 година седуммина македонски државјани на возраст од 23 до 41 година од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, заробени од Сириските демократски сили, со воен авион беа донесени на скопскиот аеродром. Тие беа опфатени со полициските акции „Ќелија1“ и Ќелија2“ во кои беа октирени локации каде што се вршеше регрутација на борци за ИД, како и лица кои ги врбувале и обучувале или биле нивна логистика во патувањето до Сирија.
Во март минатата година беше уапсна скопјанка за која беше докажано дека два пати заминала во Сирија каде што се борале во редовите на терористичките организации.
Минатата година беше разбиена терористичка ќелија во Куманово, организирана кумановец кој се борел во редовите на ИД, бил заробен во Сирија и во 2016 година е репатриран во Северна Македонија каде издржува три и пол годишна затворска казна. Уапсени беа 11 лица од Скопје и Куманово кои планирале самиубиствени напади врз полициски, цивилни и воени објекти, а најдени беа оружје, муниција, екплозиви и самоубиствени појаси.
Според информациите на безбедносните служби во редовите на ИД во перидот од 2013 до 2015 година заминале 156 македонски државјани, а од регионов најмногу борци заминале од Косово - 403. Досега потврдена е смртка на околу четриесетина македонски државјани кои беа ликвидирани во сојузничките операции противИД во Ирак и Сирија.
Facebook Forum