Европските туристи се надеваа дека летово на северната хемисфера ќе имаат непречено движење и во голема мера ќе биде ослободено од ограничувања на патувањето, но земјите низ јужна Европа сега се обидуваат повторно да наметнат услови на тревога за зголемените случаи на делта варијантата.
Шпанија, Португалија, Грција, Кипар и Малта беа меѓу првите земји кои започнаа повторно да се отвораат на почетокот на оваа година, но сега ги заоструваат ограничувањата за влез на туристите кои не ги примиле двете дози на вакцината од најкористените вакцини - Фајзер и Астра Зенека.
Франција и Германија ги предупредуваат граѓаните да не летуваат во Шпанија и Португалија. И, Германија го додаде Кипар на својата листа на „загрижувачки земји“ - невакцинираните Германци кои навистина го посетуваат островот ќе мора да се самоизолираат кога ќе се вратат дома.
Нагло најавените ограничувања ги зголемија проблемите во авиокомпаниите на континентот, туристичката и угостителската индустрија. Тие се надеваат на повторното враќање на деловните активности во следните неколку месеци, доволно за да започнат со санирање на сериозната економска штета што им ја нанесе пандемијата.
Тие стравуваат од постојаното менување на ограничувањата, придушување на побарувачката, пропаст за многу тур-оператори и хотели кои успеале да останат во деловна активност.
„Сите сакаме да одиме на годишни одмори, но здравствената заштита е од фундаментално значење“, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан на прес-конференција во петокот во Мадрид. Француските официјални лица, како и нивните колеги во соседните земји, стравуваат од новиот бран на делта варијантата, иако бројот на новозаразени во поголемиот дел од континентот е низок, стравувајќи од повторен скок во бројките, како што беше во Велика Британија во изминатите неколку недели.
Зголемување на стапката на инфекција
„Оваа варијанта е опасна и брзо се шири, и може да го уништи летото“, им рече на новинарите Габриел Атал, портпарол на француската влада во петокот. Инфекциите во Париз се зголемија скоро двојно за една недела.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести издаде низа предупредувања, велејќи дека варијантата Делта е 60 отсто повеќе пренослива од другите варијанти. „Врз основа на достапните научни докази, Делта варијантата е пренослива од другите циркулирачки варијанти и проценуваме дека до крајот на август, таа ќе претставува 90 отсто од сите вируси на ковид кои циркулираат во Европската унија“.
Стравот е дека варијантата делта може брзо да се прошири меѓу невакцинираните. Според Европскиот центар, околу 40 отсто од возрасните популации во земјите на ЕУ не се целосно имунизирани. Според националните здравствени власти, варијантата делта веќе опфаќа повеќе од половина од новите случаи во Германија, Холандија и Белгија.
Италијанските здравствени власти пријавија мало зголемување на новите потврдени случаи. Министерството за здравство на Италија смета дека варијантата делта претставува околу една третина од новите случаи. „По 15 последователни недели, има зголемување од 5 отсто во нови случаи во споредба со претходната недела“.
Брисел ги повикува националните влади да ги прошират своите програми за вакцинација. Во саботата, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ доставила доволно вакцини против коронавирус за да покрие 70 отсто од возрасната популација на ЕУ. Но, таа рече дека со тоа што Делта варијантата сега сочинува над 40 отсто од новите случаи во Франција, 70 отсто во Португалија и повеќе од 30 отсто во Шпанија, нема простор за опуштање.
„Ковидот сè уште не е поразен. Но, ние сме подготвени да продолжиме со снабдување со вакцини“, рече Фон дер Лајен во видео-изјавата.
Алармот во северна Европа се повеќе е насочен кон Шпанија, меѓу првите земји во Европа што повторно се отворија за туристи на почетокот на оваа година. Стапката на случаи во земјата се искачи на 215 случаи на 100 илјади луѓе. Како одговор, властите во северо-источниот регион Каталонија наредија ноќните клубови и дискотеки да се затворат повторно, неколку недели откако им дозволија да продолжат со деловната активност.
Facebook Forum