Линкови за пристапност

Предупредување за опасен топлотен бран на северозападот на САД


Американската национална метеоролошка служба предупреди за екстремно топол бран кој ќе погоди делови од северозападот на земјата подоцна неделава.

Се очекува температурите да надминат 37 Целзиусови степени по трет пат во историјата, во регион во кој многумина немаат клима уреди бидејќи вообичаено не е толку топло.

Метеоролошката служба го опиша претстојниот топлотен бран како „рекорден и опасен“. Се очекува да бидат погодени сојузните држави Вашингтон, Орегон, северозападниот дел на Ајдахо како и северниот дел на Калифорнија.

Метеоролозите очекуваат повеќе локации да ја достигнат највисоката измерена температура кога било до сега. Предупредуваат дека се можни штетни последици по здравјето особено за жителите кои немаат клима уреди.

Регионот во кој вообичаено преовладуваат умерени температури не е подготвен за справување со екстремна топлина. Весникот Сиетл Тајмс цитирајќи податоци од последниот попис пишува дека Сиетл е градот со најмалку клима уреди во Соединетите Држави, само една третина од домаќинствата ги поседуваат. Портланд во Орегон е на третото место одзади.

Американската национална метеоролошка служба предвидува дека топлотниот бран ќе трае и наредната недела.

Над 55% од западниот дел на САД се соочува со екстремна и исклучителна суша, пишува Вашингтон Пост.

XS
SM
MD
LG