Линкови за пристапност

Дигитални учебници – спротивставување на ставовите на родителите, наставниците и надлежните


Дигитални учебници – спротивставување на ставовите на родителите, наставниците и надлежните
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:21 0:00

„Јас во моето училиште немам ниту еден гига интернет. А, што е најважно струјата е од 1946 година. Тоа е монофазна струја“ вели

Зини Јусуфи, раководител на основното училиште во село Корошишта.

Најстарото основно училиште во струшкиот регион во селото Корошишта, нема соодветни услови, изведувањето на часовите, да се потпре единствено на интернетот. Слична е состојбата и во многу други училишта особено во руралните средини.

„Повеќе од 60% од целото население во селото се социјални случаи. По три ученици има во едно семејство. Четири лап топи каде ќе ги најдат. Треба да ја зборуваме вистината. За жал треба да го кажам и ова. Имам голем број на наставници кои немаат лап топи. Имаат само телефони“ вели Јусуфи.

Соња Столеска, која триесет години работи како професор по информатика, вели дека предлогот на Министерството за образование за дигитализација на наставниот процес, а со тоа и дигитализација на учебниците, е избрзана одлука.

„Во кој смисла, во смисла на нееднаквост. Не секој ученик, може да си дозволи да купи исти дигитални алатки, што може да ги користат подеднакво. Се среќаваме со немање на добар интернет. Замислете во едно училиште како нашето, каде имаме повеќе од 1000 ученици и кога сите би се вклучиле наеднаш Замислете кога сите ученици во цела држава ќе се вклучат, дали тоа ќе може да функционира“ вели Столеска.

Некои сметаат дека во моментот има многу поприоритетни прашања за решавање во македонското образование.

„Во руралните средини особено, училиштата прво немаат тоалети или тоалетите се во една катастрофална состојба. Да го земеме и социјалниот аспект, родители кои што не можат да ги прехранат своите деца, а не пак да размислуваат да купуваат таблети, компјутери“ вели Елеонора Јаканоска, професор.

Останувањето цел ден пред компјутер, лошо ќе се одрази на здравјето на учениците вели Јаканоска.

„Тоа не е добро за нивниот психофизички развој. Децата треба да се во клупа, да се дружат, да се социјализираат. Се чудиме зошто децата немаат добар ракопис, па не пишуваат, не знаат да се изразуваат добро“ вели Јанкоска.

За сега Министерството за образование не го прифаќа барањето на група родители, за повлекување на предлог законот за учебници, со кој се предвидува воведување и на електронски учебници.

„Бидејќи дигиталниот учебник е само една од компонентите на процесот на учење, а сега тој се воведува на трошок на родителите. Овој закон станува очигледно јасно дека го крши членот 44 од Уставот на државата, кој што вели дека образованието е задолжително и бесплатно за сите, и дека државата е должна да обезбеди бесплатен пристап за сите во делот на образованието. Ние до ден денес не слушнавме од министерството на кој начин планира да ги заштити нашите деца од интернет криминал. Не е доволно да им ги ставите во раце дигиталните уреди на децата. Вие треба да обезбедите услови за тоа“ вели Димитри Кумбароски, родител од Струга.

Засегнатите предлагаат, новата реформа во образование да не се носи преку ноќ, туку преку стручни и јавни расправи во кои ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

„Понатаму пилот училишта, да се види што е плус што е минус, дури тоа да се спроведе. За што треба просечно во светот отприлика седум години. Ние треба да ги описмениме, учениците, професорите, наставниот кадар и да се описмени по еден родител, затоа што истите ќе треба дома да им помагаат на учениците“ вели Соња Столеска, професорка по информатика.

„За жал се уште не се спроведуваат ниту тестови, со која би го измерила степенот за компетенција, а ние воведуваме дигитални учебници“ вели Димитри Кумбароски, родител од Струга.

Родителите од иницијатива „Учебници и часови мора да има“, бараат класичните книги да останат во употреба, за сите одделенија. Најавуваат дека ќе иницираат и референдум во врска со новиот закон.

Министерката за образование, Мила Царовска изјави дека за оние деца кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, ќе бидат обезбедени дигитални уреди, а во рамките на училиштата ќе бидат направени дигитални библиотеки. Според неа реформата не само што не била избрзана туку дека била задоцнета и оти резултатите од неа треба да се очекуваат за пет до шест години.

XS
SM
MD
LG