Линкови за пристапност

Пендаровски ќе го потпише Законот за легализација ако Собранието повторно го изгласа


Премиерот Заев и министерот за транспорт Бочварски најавија измени и потенцираат дека станува збор за легализација на имоти и домови на граѓаните а не легализација на урабната мафија. Јавноста и експертите остро против законот

СКОПЈЕ – Доколку Собранието повторно го изгласа Законот за легализација на дивоградбит, без разлика дали станува збор за истиот или претрпел измени претседателот Стево Пендаровски најави дека ќе го потпише указот бидејќи така налага Уставот на држава.

Тој најави дека очекува Законот за легализација на дивоградбите да претрпи измени бидејќи токму претседателот имаше бројни забелешки кои се доставени до Собранието и додаде дека нема да биде задоволен доколку истата верзија која одби да ја потпише се најде повторно на неговата маса во кабинетот на Водно.

„ Тоа е комплетно во надлежноста на политичкиуте субјекти во Парламентот. Прво тие кои се во Влада дали имаат воља и намера да го пуштат повторно во процедура. Според премиерот тоа ќе го сторат. Уставот е апслутно јасен, немам намера да го изигрувам Уставот и да активирам „џебно вето“. Имам серија забележки, од она што го кажа премиерот ќе бидат земени предвид и ќе се разговара за нив. Меѓутоа тука завршува мојата уставна надлежност. Ако решат со буквално истиот текст да го усвојат со мнозиство немам избор. И нема да бидам задоволен. По долги консултации со правни експерти ми беше сугерирано дека е неодржливо во неколку позиции“, изјави претседателот Пендаровски.

Во своите забелешки претседателот Пендаровски наведе дека Законот не е уставен затоа што нуди амнестија за физички лица и за фирми во кривичните постапки за бесправно градење и дека на таков начин се поттикнува непочитување на правните прописи. Тој го оспори и членот од Законот со кој се предвидува легализација на дивоградби во заштитени подрачја и национални паркови, со образложение дека има прекршување на основната обврска на државата да ја штити животната средина.

„Во повторната расправа во Парламентот ако дојде до пленарна расправа пратениците може да даваат адмандмани само на она што јас сум го напишал во образложението“, појасни претседателот Пендаровски.

Затоа не се исклучува можноста и од т.н. „филибастеринг“ односно блокирање на носење на законот со поднесување на илјадници амандмани, а според информациите на Гласот на Америка тоа веќе го подготвува една од партииуте во Парламентот кои отворено застанаа против овој закон.

А дека законот е далеку од добар или совршен денеска призна и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.

„Законот, секако дека не идеален, има и слабости, има и добри страни со коишто ќе помогнеме, но ние сме овде и мораме да бараме решенија. Се останато е неприфатливо за државата да замижуваме пред проблемите и да ги ставаме под тепих или најлошо од се, да оставиме статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа, а впрочем граѓаните не бирале за да бараме решение на проблемите“, рече Бочварски.

Тој како и премиерот Зоран Заев повторно лицитираше со бројката од 50 илјади домови кои треба да се легализираат без да објасни од каде е таа бројка бидејќи миниетсртвото за траснпорт нема регистер на дивоградби како и голем број на општините во државата.

Премиерот Заев останува на ставот дека законот може да се корегира и мора да се усови, бидејќи има социјален аспект и не е амнестија на урбатана мафија.

„Сите приматели на социјална помош и оние кои ќе потврдат дека се под прагот на сиромаштијата не плаќаат ништо за ваквата легализација. Не постојат колективни згради предвидени во процесот на легализација. Се што не спаѓа во групите на сиромашни граѓани, а тоа се оние кои имаат објект за легализација: како стовариште, погон, фабрика, за државата е добро тие објекти да не се уриваат и да останат како трајно материјално добро. Отстранувањето е лесно да го направите и да уништите трајно материјално добро. Тие што кога ќе легализираат ќе имаат обврска да платат 50 проценти повеќе отколку што би требало да платат комуналии ако редовно би граделе. Со тоа се испраќа и пораката дека во иднина не се исплаќа да се гради бесправно, односно да градат без одобрение на градба“, рече Заев.

Премиерот најави дека дискусијата по законот ќе продолжи по забележките на претседателот Пендаровски а стручни тимови во Владата треба да ги прецизираат процедурите на легализирање во национални подрачја, национални паркови и заштитени подрачја.

За Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Законот за легализирање е загрозување на уставниот поредок. Според нив, ова законско решение создава впечаток дека дивоградбите не се казнуваат и дека урбаниот хаос може да продолжи.

„Ова законско решение ги суспендира сите применливи акти за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на градбите, како и дава лош сигнал дека дивоградбите не се казнуваат. Ваквите законски решенија ги потценуваат сите професионални процедури од план до конструкција, нешто што мора да го гарантира правниот статус и статусот на безбедност на секоја конструкција. За време на изградбата, приватниот и јавниот интерес не смеат да се загрозат”, соопштија од Асоцијацијата.

Бројни невладини организации со остри рекации и осуди на законот и барања до претседателот да стави вето.

Клучните точки на кои тие се повикуваат се токму легализациите на дивоградбите во заштитените подрачја, националните паркови и шуми и до изворите на вода а тоа најчесто се луксузни куќи со дворови и базени чии сопственици се далеку од социјални случаи. Невладините предупредуваат дека со усвоујување на законот ќе продолжи неконтролираното уништувањена животната средина и природата а урбаната мафија е профитира од амнестијата.

Законот беше изгласан во Собранието на 11 мај, со поддршка од пратеници и од власта и од опозицијата. „За“ гласаа 72 пратеници, тројца беа „воздржани“, а петмина „против“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG