Линкови за пристапност

Заев: Спорот со Бугарија е смешен, Грција бара од ЕУ старт на преговорите со Северна Македонија


Грција е против одвојување на Македонија и Албанија на евроинтергативниот пат. Поддршка и од Кипар чиј шеф на дипломатијата смета дека ЕУ го губи кредибилитетот на Балканот. Вицепремиерот Димитров дециден, случајот со Македонија ќе испрати порака до сите држави во регионот

АТИНА – Грција е силен лобист за отварање на пристапниот процесза членство во ЕУ на која и е потребен економски просперитетен Балкан интегриран во Унијата со што ќе се продлабочои економската соработка во регионот порача премиерот Зоран Заев кој е во официјална посета на Атина во рамките на форумот „Делфи“.

Премиерот е оптимист дека може да се најде решение на спорот со Бугарија пред почетокот на јунските самити на ЕУ и за време на техничката влада во таа земја. Иако го оцени спорот како смешен, сепак побара помош од Грција при решавањето.

„Ние продолжуваме да разговараме со нив, ние сме пријатели со сите. Бугарија го измисли ова прашање. Дури, не ни можам да ви објаснам што е проблемот сега, бидејќи е смешен проблем, непостоечки проблем. Ни треба да најдеме решение бидејќи тоа е добивка и за Бугарите и за Македонците од Северна Македонија и само придобивки би донело на сите. Ни треба помош од Грција, која сега веќе е наш стратешки партнер. Грција е многу гласна на Европскиот совет преку премиерот Мицотакис, преку министерот Дендиас, тие се многу фокусирани и лидери на процесот за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија “, рече Заев.

Од официјална Софија повторно остри тонови. Откако техничкиот премиер Стефан Јанев соопшти дека тие немаат легитимитет за да може да преговараат и разговараат со македонските претставници за надминување на спорот, бугарскиот амбасадор во ЕУ, Димитар Цанчев, на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ порачал дека спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија не е билатерален туку на целата Унија.

„Имаме земја која изјавува дека сака да стане членка на ЕУ, но без да се откаже од нејзината државотворна идеологија од времето на комунизмот. За прв пат имаме земја која изјавува дека не смета оти е должна да ги исполнува договорите кои ги потпишала со држава-членка на ЕУ. Ако го дозволиме тоа, утре друга земја-кандидат може да биде во заблуда дека ќе и биде дозволено да се однесува на ист начин. Најдоброто што можат да сторат сите кои ја поддржуваат европската иднина на Западен Балкан, е да и објаснат на оваа земја-кандидат дека треба да се почитуваат темелните принципи на ЕУ и дека за неа нема да биде направен никаков исклучок ", порачал амбасадорот Цанчев.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денеска побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија а барањето го соопшти на на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија.

Грција и дава безрезервна поддршка на Северна Македонија за старт на преговорите бидејќи го исполни својот дел од обврските и треба да биде во пакет со Албанија е пораката која ја испрати грчкиот замиеник министер за надворешни Милитиадис Варвициотис во рамките на панел дискусијата на економкиот форум „Делфи“ на која учестуваше вицепремиерот Никола Димитров и кипарскиот шеф на дипломатијата Никос Христодулидес.

Варвициотис е дециден дека пристапниот процес мора да биде побрз, кредибилен и реверзибилен а Унијата да ги одржи ветувањата

„Со пристапувањето на Македонија и Албанија во Европската Унијание конечно ќе имаме земјени граници со други земји членки, нешто од кое бевме ускратени бидејќи од почетокот ние бевме изолиран дел од ЕУ без физички граници со остатокот од Унијата. Европа треба да ги одржи ветувањата и не смее да одложи ниту една од овие процедури за пристапување“, изјави Варвициотис.

Димитров пак истакна дека со 20 години чекање на старт на преговорите се изгубени многу генерации, Македонија ги исполни барањата и условите и сега е на ред Европската унија да испорача. Во спротивно ќе биде испратена порака до сите земји аспиранти.

„ Поради пофалбите кои ги добивме при решавањето на билатералните прашања, реформската агенда дома, мислам дека тоа што ќе се случи со нас, односно дали Европа ќе си го одржи ветувањето ќе биде порака за остатокот од регионот. Дали вреди да се превземат и направат тешки чекори или не. Мислам дека успеавме, ова се очигледни елементи, да го подигнеме влогот што е успех за нас, за Европската унија и за регионот - Западен балкан“, рече Димитров.

Кипарскиот шеф на дипломатијата, Христодулидес најави дека во наредните неколку денели треба да очекуваме позитивни вести.

„ Сакам јавно да ја изразам нашата поддршка за европскиот пат на Северна Македонија. Ние можеби сме мала земја членка но на крајот на денот ние имаме еден глас исто како Германија и Франција и другите големи земји членки на Унијата и гласот на Кипар се брои. Јас сум многу загрижен дека ЕУ го губи кредибилитетот на Балканот, зборуваме за геополитичката ЕУ но гледаме дека ако се спореди со другите гоеполитички чинители ние ја губиме играта. Се надевам дека во наредните неколку недели е можно да имаме позитивни вести за Северна Македонија “,соопшти Христодулидес

На маргините на форумот вицепремиерот Димитров, имаше тет а тет средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на која фокусот беше значењето на стартот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG