Линкови за пристапност

Договор со Бугарија за старт на преговорите, очекуван услов од ЕУ


Експертската јавност смета дека шанси за договор пред стабилизирање на политичката состојба во Бугарија речиси и да нема. Премиерот Заев сака преговори и со преодната Влада во Бугарија но доколку цената е јазик и идентитет нема влез во ЕУ. ВМРО ДПМНЕ бара ЕУ да ги исполни своите ветувања и обврски

СКОПЈЕ – Решавање на билатералниот спор со Бугарија па потоа старт на преговорите и одржување на првата меѓувладина седница. Ова е условот кој вчера го испорача еврокомесарот Олиевр Вархеји при неговата официјална посета на Северна Македонија. Ставот на Унијата е јасен, а доколку нема договор со Бугарија голема е веројатноста во јуни Албанија да ги отпочне преговорите а Северна Македонија да остане сама во европската чекална.

За експретската јавност пораката на Вархеји е очекувана, особено по декемвриското вето. Пристапниот процес со Унијата е долгорочен и затоа имаператив е да се продолжи со реформите и да се работи на досието на државата без разлика на билатералниот спор. Можноста Албанија да ги стартува преговорите со Унијата се реални и затоа не треба да има гнев во домашната јавност.

„Очекувано беше, бидејќи Европската Комисија уште во декември утврди дека Албанија ги има исполнето условите за првата меѓувладина конференција и најави дека ќе предложи почетокот на преговорите. Дали земјите членки ќе донесат одлука за почеток е друго прашање бидејќи имаа различни мислења дали Македонија и Албанија треба да се движат во пакет или не. Ова е еден долгорочен процес и мислам дека ние не треба да имаме негативни чувства доколку Комисијата препорача старт на пртеговорите со Албанија. Сепак Албанија ни е сосед.Ние мораме да работиме на нашето досие кое што очигледно зависи од компроимисот со Бугарија и за тоа бевме свесни“, изјави Симонида Кацарска, директор на Институтот за европска политика „Епи“.

Решение на билатералнито спор со Бугарија повеќе од извесно е дека нема да има барем до јуни кога се и самититте на ЕУ бидејќи бугарскиот претседател Ру,мен радев денеска ги закажа парламентарните избори за 11 јули.

Сепак премиерот Зоран Заев смета дека можност за договор има и очекува преговорите да продолжат и со преодната Влада која според него ќе ја сочинуваат истакнаците политичари и личности во Бугарија. Тој потенцираше дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и токму затоа Комисијата треба да ги утврди сите факти и личности за заедничко чествување. За премиерот нема дилема дека македонскиот јазик и нација се црвената линија и доколку тоа е условот за влез во Унијата, Македонија ќе се откаже од членството.


„Јас се надевам дека иако Бугарија ќе оди повторно на парламентарни избори, сепак може да изнајдеме решение со времената влада која ќе ја постави претседателот Радев затоа што очекуваме тоа да бидат одговорни политичари и општественици со кои ќе може да седнеме и да најдеме решение. Нерационален е проблемот. По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба влез во Унијата. Затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ векот“, изјави премиерот Заев.

Кацарска пак смета дека можноста за евентуално надминување на спорот пред одржување на парламентарните избори и формирање на Влада е мала бидејќи преодна влада никогаш не носи големи одлуки а тука е и јасниот став на претседателот Радев, бугарската Академија на науките и декларацијата на Собранието.

„Техничката влада не е оптималната опција за носење на големи одлуки бидејќи е во секој случај врзана од документите кои ги усвои бугарското Собрание. Од друга страна пак на изборите видовме дека националистичката карта на која играше партијата на Каракачанов изгуби и не може да исклучиме дека може да има некаков исчекор. Мора да бидеме свесни дека на Бугарија и претстојат и претседателски избори, позицијата на претседателот Радев ја знаме сите добро. Затоа не можам да кажам дека е голема веројатноста да има исчекор со техничката влада во Софија“, вели Кацарска

Опозициската ВМРО – ДПМНЕсмета дека Македонија направила доволно отстапки и пристапните преговори треба да почнат во јуни а преговорите со Бугарија да продолжат кога ќе има легитимна Влада. Вината за моменталната состојба ја лоцираат кај премиерот Заев и неговиот тим.

Порака со силна поддршка вчера испрати и американскиот Стејт Департмнет а ставот на САД е недвосмислен иднината на државите од Западен Балкан е во ЕУ а билатерален спор мора да се решава надвор од преговарачката рамка.

„Историскиот Преспански договор покажа дека државите во Западен Балкан се способни да исполнуваат тешки работи, да прават компромиси и да наоѓаат решенија. Убедени сме дека Бугарија и Северна Македонија ќе го направат истото преку преговарање на нивните билатерални спорови надвор од пристапниот процес со ЕУ. САД ги охрабруваат сите напори на ЕУ и нејзините земји-членки да им помогнат на страните полесно да го постигнат овој резултат. Веруваме дека иднината на Западен Балкан е целосно во ЕУ. Процесот на проширување промовира дологорочен мир, стабилност и просперитет во регионот“, соопштија д Стејт Департментот за Гласот на Америка.

За разлика од еврокомесарот Вархеји, Германија и Австрија отворено застанаа зад Македонија и нагласија дека се против едностран старт на преговорите и дека Македонија и Албанија мора да останат во пакет. Шефот на греманската дипломатија Хајко Мас нагласи дека Македонија го исполнила својот дел од задачите додека австриската министерка за Европа Едштадлер соопшти дека билатерален спор не смее да биде пречка за старт на преговорите. И Герамнија и Австрија се понудија, доколку е потребно да посредуѕваат во решавањето на спорто со Бугарија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG