Центрите за контрола и превенција за болести во САД изјавија дека британскиот сој на коронавирус сега е доминантен во државата.
Тие уште во јануари предвидоа дека оваа мутација на вирусот, која побрзо се шири и е посмртоносна од оригиналниот вирус, ќе стане доминантна до март.
„Вирусот се` уште заразува луѓе. Мора да останеме внимателни“, изјави директорката на Центрите за контрола и превенција за болести Рошел Валенски, на брифинг во Белата куќа.
САД досега имаат над 30 милиони нови заразени, и 559.116 смртни случаи, најмногу од која било друга држава во светот, објави Универзитетот Џонс Хопкинс.
Неколку држави, пак, објавија нови препораки за употреба на вакцината на „АстраЗенека“, откако Европската Унија изјави дека постои поврзаност меѓу вакцината и редок тип на потенцијално смртоносна тромбоза.
Истражувачите на Оксфорд, исто така, го суспендираа клиничкото тестирање на оваа вакцина кај деца и тинејџери.
Facebook Forum