Линкови за пристапност

„Модерна“ разви нова веризја на вакцината која би делувала против мутираниот вирус од Јужна Африка


Вакцината на „Фајзер“, пак, е ефективна и во пракса, исто како и во тесирањата, потврдија израелски научници

Ново истражување покажува дека вакцината против ковид-19 на „Фајзер-БиоНтек“ е ефективна во пракса, исто колку што била ефективна и во крајните тестирања.

Истражувачи од Израел велат дека резултатите од студијата, во која учествувале 1,2 милиони луѓе, покажале оти вакцината, која се дава во две дози, ги намалува симптоматските случаи на ковид-19 за 94 отсто кај сите возрасни групи, и оти ја намалува можноста за тешка форма на болеста за 92 отсто.

Истражувачите велат дека една доза од вакцината е 57 отсто ефективна по само две недели.

Во меѓувреме, „Модерна“ изјави дека развила нова верзија на нејзината вакцина, која се два во две дози, да го таргетира новиот сој на коронавирус првпат идентификуван во Јужна Африка.

Компанијата испрати мала доза од новата верзија за дополнително истражување во Националниот институт за здравје на САД.

Лидерите на Европската Унија, пак, денес, преку видеоконференција, дискутираат за начините како да се подобри производството и дистрибуцијата на вакцините против ковид-19.

Загриженоста меѓу 27-те членки на ЕУ расте, како што забрзано се шират мутираните вируси, неодамна детектирани во Британија и Јужна Африка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG