Американците во понеделник го комеморираат Денот на претседателите, федерален празник во чест на сите американски претседатели.
Празникот се одбелеежува на третиот понеделник во февруари, месецот кога се родени двајца од најпроминентните претседатели на државата - Џорџ Вашингтон, првиот претседател на нацијата, и Абрахам Линколн, кој ја водел државата за време на Граѓанската војна.
За некои американски работници празникот е неработен ден, вклучително и за федералните службеници и банкари, но за други е работен ден.
Бидејќи се паѓа во средина на зимата, овој празник не се поврзува со скара и излети како за праџзниците во летните месеци, и често се користи како можност компаниите да понудат попусти за купување автомобили и во малопродажбата.
Годинава, куќата за аукции RR Auction со седиште во Бостон, празникот се користи за аукција на претседателска меморабилија.
Речиси 300 претседателски артифакти се изнесени на аукција, вклучувајќи го црвениот џемпер од Харвард на Џон Ф. Кенеди, локни од косата на Вашингтон, и потпишана фотографија од Линколн.
Аукцијата исто така вклучува документи од многу претседатели, вклучувајќи ги Џон Квинси Адамс, Џејмс Медисон и Улис С. Грант.
Почетоци
Денот на претседателите започна со прославата на роденденот на Вашингтон, секоја година на 22 февруари.
Конгресот официјално го направи денот федерален празник во 1968 година, кога исто така го премести на третиот понеделник во февруари, за да направи тридневен викенд.
Во тоа време, некои тврдеа дека празникот треба да вклучува и прослава на роденденот на Линколн, кој паѓа на 12 февруари, и да се преименува од роденденот на Вашингтон на Ден на претседателите.
Пратениците ја отфрлија таа идеја, а празникот сè уште е официјално именуван како Роденден на Вашингтон. Сепак, овој ден сега е попознат како Ден на претседателите и повеќето го сметаат за прослава на сите претседатели на САД.
46-ти претседател
Кога Џо Бајден беше инаугуриран на 20 јануари, тој стана 46-от претседател на државата.
Тој е 15-ти претседател кој претходно служел како потпретседател. Од нив, осуммина ја презедоа претседателската функција заради смрт на претседателот, додека еден - Џералд Форд - ја презеде функцијата по оставка на претседателот - Ричард Никсон.
Бајден, кој служеше во времето на претседателот Барак Обама, е втор потпретседател што го освои претседателското место откако чекаше да измине еден мандат. Единствената друга личност што го сторила тоа беше Никсон, кој служел како потпретседател на Претседателот Двајт Ајзенхауер од 1953 до 1961 година, но не го освои претседателското место до 1968 година.
Бајден, кој исто така служеше во Сенатот 36 години, го следи трендот на претседатели кои претходно служеа во Конгресот, станувајќи 26-ти претседател кој бил член на Претставничкиот дом или сенатор. Седумнаесет сенатори станаа претседател, вклучително и Бајден, но само тројца сенатори се преселија директно од Сенатот во Белата куќа - Ворен Г. Хардинг, Кенеди и Обама.
Новиот претседател е втор католички претседател, по Кенеди, додека сите други претседатели биле протестанти. Ниту еден претседател не бил Евреин или муслиман и иако никој јавно не признал атеизам, некои сметале дека Томас Џеферсон, Линколн и Вилијам Хауард Тафт биле агностици или атеисти.
Бајден се разликува по тоа што е најстариот претседател кој влегол во Белата куќа на 78-годишна возраст. Доналд Трамп претходно ја имаше титулата, стапувајќи на функцијата во 2017 година на 70-годишна возраст.
Најмладиот претседател Теодор Рузвелт станал претседател на 42 години, а го следеше Кенеди, кој дојде во Белата куќа на 43 години возраст.